Низ илустрации: Како се пренесува корона вирусот во соба, кафуле и училница?

Што се случува кога седите повеќе од 4 часа во затворена просторија како ресторан, дали е можно да се пренесе преку воздухот, колку луѓе може да се заразат од еден човек во една затворена просторија, зависно од мерките, проветрувањето и времетраењето на средбата, прикажано низ илустративни примери. 

niz-ilustracii-kako-se-prenesuva-korona-virusot-vo-soba-kafule-i-uchilnica-01.jpg

Корона вирусот зема силен замав со есенскиот бран, а со оглед на тоа што доаѓаат студени месеци, собирањето во затворени простории станува голем проблем, бидејќи трансмисијата е многу полесна отколку во летните месеци на отворено.

Токму затоа, насекаде низ светот се носат нови мерки, кои предвидуваат контрола на собирањата во затворени простории, но и генерално се забранети поголеми групирања со членови надвор од семејството.

Сепак, со самото тоа што луѓето се во затворени простории многу почесто, ризикот за пренесување е секако поголем.

Веќе сите знаеме дека вирусот се шири преку капките кои заразените личности ги испуштаат преку зборување, кашлање и кивање, и аеросолите кои се задржуваат во воздухот, а друга личност ќе ги вдише или ќе дојдат во контакт со очите.

niz-ilustracii-kako-se-prenesuva-korona-virusot-vo-soba-kafule-i-uchilnica-0002.jpg

Но, поголем проблем претставува тоа што истите тие аеросоли во затворена просторија може да се задржуваат подолго во воздухот посебно кога не се вентилира, па вирусот да се пренесе дури и ако не сте во директен контакт со заблелната личност.

Секако дека начинот на пренесување во овој случај зависи од многу фактори и не значи дека буквално во секое можно сценарио истиот се пренесува, но добро е да знаете кои се разликите во секое сценарио.

Ќе се потрудиме илустративно да ви го доловиме начинот на пренесување во простории преку неколку различни сценарија, зависно од користените мерки за заштита.

Истражувањето и илустративниот приказ е првично направен и објавен од EL PAIS, од каде што се и преземени приказите, а ние ги одвојуваме најважните работи во продолжение.

Собир на луѓе во соба за дневен престој  - 6 луѓе се собрани во дом, а еден од нив е заболен.

niz-ilustracii-kako-se-prenesuva-korona-virusot-vo-soba-kafule-i-uchilnica-02.jpg

Сценарио 1 - После 4 часа без безбедносни мерки

Независно од практикувањето на безбедна дистанца, ако 6 луѓе поминат 4 часа во затворена просторија без вентилација, со гласно зборување, без маска, а еден од нив е заразен – 5 од нив ќе се заразат, според научниот модел во оваа методологија.

niz-ilustracii-kako-se-prenesuva-korona-virusot-vo-soba-kafule-i-uchilnica-03.jpg

Сценарио 2 – После 4 часа, со користење само маски 

Ако се носат маски, 4 луѓе се во ризик да се заразат. Само маските не можат да заштитат ако изложеноста на инфекцијата е премногу долга.

niz-ilustracii-kako-se-prenesuva-korona-virusot-vo-soba-kafule-i-uchilnica-04.jpg

Сценарио 3 – После 2 часа, со проветрување

Ризикот од инфицирање е значително намален, ако групата носи маски, го скрати времетраењето на собирот и ја проветрува просторијата, може да се зарази еден човек.

niz-ilustracii-kako-se-prenesuva-korona-virusot-vo-soba-kafule-i-uchilnica-05.jpg

Угостителски објект во затворен простор - без отворени прозори и вештачка вентилација, со намален капацитет за 50%, има 3 вработени и 15 гости

niz-ilustracii-kako-se-prenesuva-korona-virusot-vo-soba-kafule-i-uchilnica-07.jpg

Сценарио 1 – По 4 часа, без безбедносни мерки за дополнителна заштита

Во најлошото сценарио, ако не се преземат дополнителни мерки за заштита, 14 лица ќе бидат инфицирани по 4 часа престој во објектот.

niz-ilustracii-kako-se-prenesuva-korona-virusot-vo-soba-kafule-i-uchilnica-08.jpg

Сценарио 2 – По 4 часа, со носење маски постојано

Ако постојано сите носат маски, ризикот од пренесување на инфекција ќе се намали на 8 случаи.

niz-ilustracii-kako-se-prenesuva-korona-virusot-vo-soba-kafule-i-uchilnica-09.jpg

Сценарио 3 – По 2 часа, со вентилирање на просторијата и скратено времетраење

Ако просторијата се проветрува природно или вентилира со добар уред за вентилација, и се скрати времето поминато во објектот, само едно лице има ризик да се зарази.

niz-ilustracii-kako-se-prenesuva-korona-virusot-vo-soba-kafule-i-uchilnica-010.jpg

Во училиште – училница со 24 ученици и заразен наставник

niz-ilustracii-kako-se-prenesuva-korona-virusot-vo-soba-kafule-i-uchilnica-11.jpg

Сценарио  1 – По 2 часа, без никакви безбедносни мерки

Ако се поминат 2 часа во училница со заразен наставник, без никакви мерки за заштита, постои ризик дека до 12 ученици ќе бидат заразени.

niz-ilustracii-kako-se-prenesuva-korona-virusot-vo-soba-kafule-i-uchilnica-12.jpg

Сценарио 2 – Ако сите носат маски, како единствена дополнителна мерка

Ако сите носат маски, се намалува бројот на ученици кои може да се заразат на 5. Се наведува дека може да се зарази кој било ученик независно од близината до наставникот, заради распространетоста на аеросолите во невентилирана просторија.

niz-ilustracii-kako-se-prenesuva-korona-virusot-vo-soba-kafule-i-uchilnica-13.jpg

Сценарио 3 – По 1 час, во вентилирана училница и скратено времетраење

Ако училницата се проветрува за време на часот, природно или вештачки се вентилира, и ако по секој 1 час има пауза за целосно освежување на воздухот, ризикот за зараза драматично се намалува на можно 1 заразено лице.

niz-ilustracii-kako-se-prenesuva-korona-virusot-vo-soba-kafule-i-uchilnica-14.jpg

Она што е важно да се запомни, е дека колку подолго сте во затворена просторија без вентилација со заразена личност, толку се поголеми шансите за зараза на другите личности околу неа.

Гласното зборување и пеењето, помагаат многу побрзо да се прошири заразата, заради поголемиот број на испуштени капки кои во поголема количина може да се задржат во воздухот и да се вдишат од останатите.

На следната илустрација може да ја забележите разликата помеѓу заразена личност која молчи, која зборува нормално и која зборува гласно и дозата на респираторни капки во секоја од трите сценарија, кои стигаат до другите личности кои може да ги вдишат.

niz-ilustracii-kako-se-prenesuva-korona-virusot-vo-soba-kafule-i-uchilnica-06.jpg

На сајтот каде овие калкулации се првично објавени, наведуваат дека методологијата која е користена за калкулација на ризикот на зараза е според алатка направена од Хозе Луис Хименез, атмосферски хемичар на Универзитетот Колорадо.

Целосната оригинална статија со детални прикази можете да ја погледнете ТУКА

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Најопасните вируси со коишто се соочило човештвото (и дали има лек) Сигурно ви е познат вирусот SARS-CoV-2 кој е причина за пандемијата од 2019 годи...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сестра ми почина, како да разговарам со внукот на оваа тема?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Се пренесуваат преку допир и преку воздух – Што знаеме за новиот сој мајмунски сипаници и дали посто... Мајмунските сипаници не се пренесуваат само преку сексуални односи, туку и преку...
Херпес на уста - Зошто се појавува и како да го третирате? Откако ќе се зарази со вирусот, личноста ќе го носи во себе до крајот на својот ...
Како се пренесува птичјиот грип и колку е опасен за луѓето? Птичјиот грип е болест која е присутна кај птиците, но може да се пренесе и на л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg