Витамин Д – зошто е посебно важно да се прима дополнително

Според педијатрите посебно важно во зимските месеци е дополнителното внесување на витаминот Д.

vitamin-d-zoshto-e-posebno-vazhno-da-se-prima-dopolnitelno-01.jpg

Покрај недостатокот на сончеви денови, што е извор овој витамин, исто така витаминот Д не е доволно присутен во исхраната и затоа треба да се внесува дополнително. Ова е битно за да се спречат сериозни здравствени последици.

„Доколку не се внесува доволно витамин Д, коските стануваат меки, тенки, и лесно може да дојде до нивно искривување кои во детската возраст е познато како рахит. Кај возрасните, недостатокот на витамин Д доведува до омекнување на коските и остеомалација односно кај старите до остеопороза. Покрај оваа улога во создавање и одржување на здрави коски, витаминот Д има и други функции во регулирање на растот на клетките, невро-мускулната функција како и во имунолошката функција. Секојдневно внесување млеко во препорачани количини доведува до постојано подобрување и одржување на здравјето на коските кај сите независно дали се деца или возрасни. Витаминот Д е важен партнер на калциумот во збогатените млека и јогурти доведувајќи до максимална искористливост на калциумот. Затоа како важен дел од здрава балансирана исхрана се препорачува секојдневно внесување на млеко и јогурт”, додава д-р Ставриќ.

Составот на Битолски јогурт и млеко со 10 витамини е збогатен со витамини меѓу кои и витамин Д3 и минерали кои се клучни при градењето здрав организам, и нивниот состав е избран во совршен сооднос за максимално да придонесат за здрави и цврсти коски, за зајакнување на имунолошкиот систем и воопшто за целиот организам.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg