Течно злато – 15 придобивки на медот за кои ретко се зборува

Иако многумина мислат дека сите лековитите придобивки на медот ни се веќе добро познати, сепак има уште многу да се зборува за „течното злато“.

15-pridobivki-na-medot-01.jpg

Имено, само во последните неколку децении, современата наука ги испитува и потврдува повеќекратните здравствени придобивки на најпознатиот пчелин производ.

Испробајте го медот како универзално средство за лекување на:

Алергии

Доволна е секојдневно консумирање на само една лажичка мед од локално подрачје. Медот може да ги олесни или целосно да ја спречи појавата на алергиски симптоми. За најдобри резултати започнете го овој режим еден месец пред вообичаеното појавување на симптомите.

Артритис

Доколку се употребува подолго време, мешавината од оцет и мед може да ги ублажи воспалителните процеси и болката карактеристична за артритисот.

Овој ефект најверојатно се должи на алкалните својства на оваа мешавина, бидејќи истата има антивоспалително дејство. Може да се користи орално (да се јаде), како и за локална апликација (да се нанесе директно на кожата).

Кашлица

Измешајте еднакви количини на оцет и мед и додадете малку сок од лимон. Пијте по малку од оваа смеса на секои два до три часа.

Исекотини

Капка или две мед на компресивен завој што ќе го ставите директно на раната може да дејствува поефикасно од која било маст со антибиотици.

Дијабетски рани кои тешко зараснуваат

Медот е едно од најефикасните решенија за овие многу чести проблеми кај дијабетичарите. Може да се нанесе директно на раната и да се покрие го со тенка, стерилна газа, но прво консултирајте се со стручно лице.

Исип од пелени

Без оглед на интензитетот на исипот предизвикан од носење на пелена, медот секогаш ќе ви помогне. Доволно е да го нанесете во тенок слој на кожата под исипот, а потоа почекајте малку пред да го нанесете завојот. Ќе се повлече за релативно кратко време.

Дијареја

Со оглед на ефектот кој го има врз воспоставување рамнотежа во дигестивниот систем, медот е подеднакво корисен за решавање на проблемите како дијареја и запек.

Најдобар природен лек за јакнење на имунитетот

Со редовното консумирање на природен, суров мед се зголемува производството на Б-лимфоцити и Т-лимфоцити во организмот. Ова се два вида на бели крвни клетки кои го стимулираат имунитетот.

Несоница

Лажица мед пред спиење може да поттикне добар и поквалитетен сон.

Грчеви во нозете

Доколку нанесете мешавина од мед и оцет на листовите на нозете пред да заспиете, ова ќе ја ја подобри циркулацијата и може да спречи појава на непријатни грчеви во текот на ноќта.

Затнат нос

Ставете малку мед во инхалаторот или едноставно нанесете мала количина на мед во областа на синусите на лицето. Слузта ќе почне да се ослободува од носот многу побрзо!

Синуситис

Додадете лажичка мед во 2 dl солен раствор и искористете го за плакнење на носот додека трае инфекцијата.

Болка во грлото

Стопете лажица мед во устата или испијте ја стопена во врел чај за брзо ублажување на болката и гребење во грлото.

Чир на желудникот

Медот го запира растот на бактеријата Helico pylori, што предизвикува чир на желудник во повеќето случаи. Јадете 56 до 85 gr мед секој ден во период од три месеци.

Напомена: За сите третмани консултирајте се со стручно лице. 

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
„8 месеци пиев јаболков оцет наутро – Како тоа ми помогна со синдромот за полицистични јајчници?“ „Се чувствував како да имам многу повеќе енергија, немав проблеми со подуеност, ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg