Инвестирајте во Вашето здравје! НОВИ производи од ВИТАЛИА за јак имунитет

Пандемијата на коронавирус сеуште трае и заштитата на нашето здравје е поважна од кога и да е. Но има и добри вести кои ни доаѓаат од нашата омилена фабрика за здрава храна! Виталиа продолжува да биде вашиот најдобар партнер во зајакнувањето на имунитетот и вредно подготвува нови производи кои ке ви помогнат во борбата со вирусите.

Уникатна КЕТО линија, три нови видови на Гранола мусли без додаден шеќер и нов Корнфлекс станаа дел од семејството на здрави производи.

Она што ги поврзува сите е ниското ниво на шеќер, што е основен предуслов за одржување на добро здравје.

investirajte-vo-vaseto-zdravje-novi-proizvodi-od-vitalija-za-jak-imunitet-1.jpg

КЕТО линија – НОВ тренд за здраво слабеење и јак имунитет

Виталиа, единствената во регионот, разви линија на КЕТО производи, со врвен квалитет и уникатен состав.

Кето муслите се без додаден шеќер, богати со здрави масти, имаат ниско ниво на јаглехидрати и богатство од протеини и растителни влакна. И сето тоа е соединето во три прекрасни вкусови: Кето гранола со јаткасто овошје и цимет, Кето гранола со кокос, какао и чоколадо, и  Кето мусли со јаткасто овошје и семиња.

Новата Кето Линија ќе ве воодушеви и со КЕТО пралине. Овој вкусен здрав десерт без додаден шеќер е подготвен од квалитетно темно чоколадо, путер од кикирики и крцкави јатки. Едноставно - совршена и неодолива ужина со малку јаглехидрати.

Новата КЕТО линија има уште еден „кец во ракав“, а тоа се КЕТО крекери со ниска содржина на јаглехидрати. Направени се од 6 вида семиња – супер храна, збогатени се со протеини од грашок и со природна арома на оригано.  Идеална комбинација со вашите омилени сосови и намази.

Ако ја вклучите новата кето линија на Виталиа во вашата исхрана, здраво и ефикасно ќе ја намалите телесната тежина, а истовремено ќе го подобрите вашето кардиоваскуларно и ментално здравје, ќе ја стимулирате работата на мускулите и ќе го забрзате согорувањето на мастите.

Нови Гранола мусли и Корнфлекс

Имунитетот се гради од појадокот! Токму затоа е јасно зошто Виталиа од 1993 година, посветува посебно внимание на креирање најдобри мусли и оброци за здрав почеток на денот.

Совршено печената Гранола сега во нова подобрена рецептура без додаден шеќер е идеален појадок кој наскоро ќе биде достапен на македонскиот пазар. Тие се баланс на вкусови и хранливи материи, богати со растителни влакна и содржат дури 65% интегрални овесни снегулки.

investirajte-vo-vaseto-zdravje-novi-proizvodi-od-vitalija-za-jak-imunitet-2.jpg

И тоа не е се! Пробајте го новиот Виталиа Корнфлекс со ниска содржина на шеќер, кој е спакуван во практично зип пакување и секогаш свеж и крцкав. Прекрасен и вкусен здрав појадок за секоја генерација!

Затоа, уживајте во храната без размислување и грижа на совест! И бидете сигурни дека секој производ на Виталиа е инвестиција во Вашето здравје.

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg