Жед, често уринирање, замор - Што е хипергликемија и кои се најчестите симптоми?

Хипергликемијата претставува зголемено ниво на шеќерот во крвта и е најчеста појава кај луѓето со дијабетес.

shto-e-hiperglikemija-i-koi-se-najchestite-znaci-i-simptomi-01.jpg

Во некои случаи, хипергликемијата може да се појави поради стрес, или како несакан ефект од терапија со стероиди.

Знаци и симптоми

Постојат многу симптоми за хипергликемија, но најчестите се:

  • Зголемено чувство на жед
  • Почесто уринирање
  • Замаглен вид
  • Замор
  • Главоболка

Но, не смеете самите да си поставувате дијагноза ако ги забележите овие симптоми, бидејќи единствениот начин да откриете дали со сигурност имате хипогликемија е проверка на крвта.

Најчесто хипергликемијата не предизвикува симптоми сè додека концентрацијата на гликоза во крвта не е значително зголемена. Симптомите, пак, се развиваат бавно, во текот на неколку денови или недели. Колку подолго останува високото ниво на шеќер во крвта, толку посериозни стануваат и симптомите.

shto-e-hiperglikemija-i-koi-se-najchestite-znaci-i-simptomi-02.jpg

Ако состојбата не се третира, може да настане наталожување на токсични киселини во крвта и урината, а тогаш се појавуваат и некои од следниве симптоми:

  • Гадење и повраќање
  • Отежнато дишење
  • Сува уста
  • Слабост
  • Збунетост
  • Болки во стомакот

Ако ги забележите овие симптоми, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар и да не првите ништо на своја рака.

Причини за појава

Дијабетес тип 1 и тип 2 се најчестата причина за хипергликемија, но постојат и други ризични фактори:

Дијабетес – луѓето со дијабетес не можат ефикасно да го преработат шеќерот во крвта бидејќи или нивното тело не лачи инсулин, или бидејќи нивото тело не го користи инсулинот ефикасно. Бидејќи овој хормон е одговорен за разградувањето на шеќерот во крвта, кај луѓето со дијабетес се зголемува неговото ниво.

Стрес – и луѓето без дијабетес можат да се соочат со хипергликемија. На пример, стресот може да предизвика отпорност на инсулин. Истовремено, стрес хормонот кортизол може да биде уште една причина за зголемување на нивото на шеќер во крвта.

Стероиди – кај луѓе кои примаат со терапија со стероиди, исто така може да се појави хипергликемија. Најчесто овој проблем исчезнува кога се прекинува терапијата.

shto-e-hiperglikemija-i-koi-se-najchestite-znaci-i-simptomi-03.jpg

Лекување

Целта на лекувањето на ова нарушување е намалување и задржување на оптималното ниво на шеќер во крвта. Кај оние кои имаат дијабетес, терапијата може да вклучува регулирање на инсулинот. Кога ќе се соочат со зголемено ниво на шеќер во крвта, луѓето со дијабетес можат да следат и однапред направен план од нивниот лекар.

Според експертите, најдобриот начин да се контролира нивото на шеќер во крвта вклучува и промени во животниот стил, како исхрана и вежбање.

Кај луѓето каде што хипергликемијата се појавила поради стрес или терапија со хормони, проблемот обично се решава сам. Нивото на гликоза во крвта би требало да се намали 4 до 6 часа после прекинување на терапијата, или речиси веднаш откако личноста ќе помине „стресната епизода“. Ако нивото на шеќер во крвта не се стабилизира после овие нешта, пациентот може да биде дијагностициран и со дијабетес.

Ако забележите некој од симптомите или се сомневате дека нешто не е во ред, најдобро е да го посетите вашиот лекар. Само тој може со сигурност да ви каже дали имате хипергликемија, и кој третман ќе биде најдобриот за вас. Истовремено, добро би било редовно да го проверувате нивото на шеќер во крвта ако имате семејна историја со дијабетес или сте со прекумерна тежина. Ова не значи дека и вие ќе се соочите со овој проблем, но добро би било да правите редовни проверки. И овојпат, вашиот лекар може да ви помогне да откриете дали спаѓате во ризична група.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg