Пробајте уште денес: Домашен спреј против комарци од 3 состојки
Избегнете ги пликовите од комарците и постојаното чешање со домашен спреј кој нема да ве чини ниту многу пари, ниту ќе ви одземе време.
Кога ситуацијата е сериозна, не можете да седите надвор или во природа, пробајте го овој рецепт за спас.
Потребно ви е:
- Масло за готвење, по желба
- 9-постотен оцет
- Гел за туширање
Помешајте ги сите состојки во еднаков размер додека не добиете бела пена. Прелијте ја мешавината во шишенце со распрскувач и слободно пропрскајте по цело тело. Избегнувајте го лицето и осетливите делови.
Втора опција е мешавината да ја распоредите во неколку садови низ дома или во дворот, односно на местата каде најчесто седите.
Мешавината е добра бидејќи оцетот ги одбива комарците, гелот за туширање го сокрива непријатниот кисел мирис на оцетот, а маслото е база со чија помош спрејот се задржува за телото.
М. Д. | Црнобело