Како да го спречите утринскиот замор?

Во време кога работата ни зема поголемиот дел од денот, животното темпо е забрзано, навистина не е изненадувачки што чувствувате замор штом се разбудите.

kako-da-go-sprecite-utrinskiot-zamor-01.jpg

Ако се будите изморени и лошо расположени, и тоа тра е и трае, не мора да се помирите.

Прво направете ги сите потребни здравствени тестирања и откако ќе утврдиле дека здравјето не е причината, послужете се со неколку лесни чекори:

Работи кои треба да ги направите пред спиење:

1. Пресметајте кога треба да легнете според времето кога се будите. Биолошкиот часовник е поделен на циклуси од 90 минути и ако се разбудите среде циклус, ќе имате потешкотии да се расоните. Затоа, ако треба да станете во 7 наутро, идеално би било да си легнете во 23 часот.

2. Пресметајте го и времето за туширање пред спиење. Околу 10 часот навечер температурата на телото природно опаѓа. Според тоа, туширањето би требало да биде 1 до 1 час и половина пред да си легнете да спиете, за да го стимулирате овој пад на температурата.

3. Навечер, штом почувствувате желба за спиење – легнете во хоризонтала.

kako-da-go-sprecite-utrinskiot-zamor-02.jpeg

Работи кои треба да ги направите штом се разбудите:

1. Не презаспивајте. Така навлегувате во нов циклус од 90 минути и го нарушувате здравото будење.

2. Заменете го млекото со сок од портокал. Навечер, нивото на шеќер и течности во организмот паѓа, а тоа може да е причина за утринската забавеност и слабост. Сокот од портокал содржи јаглехидратити кои ја елиминираат слабоста за 10 минути.

3. Консумирајте добар појадок со кафе и чај, поради стимулативното делување на кофеинот кој делува против заморот.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg