Мапа на стомакот: откријте што може да ви предизвикува болка

Секоја болка во стомакот може да биде предизвикана од повеќе причини. Во секој случај, најдобро е веднаш да се консултирате со доктор, но, доколку честопати сте склони кон киселини после одреден оброк или имате искуство со камчиња во жолчното ќесе, можете и сами да ја препознаете и лоцирате болката.

mapa-na-bolki-vo-stomakot-otkrijte-sto-moze-da-vi-predizvikuva-bolka-01_copy.jpg

Болка во стомакот е секој вид болка во пределот помеѓу градите и препоните.

Ова се можни причини за болката која ја чувствувате - деловите се означени со бројче соодветно:

mapa-na-bolki-vo-stomakot-otkrijte-sto-moze-da-vi-predizvikuva-bolka-02.jpg

1. Жолчни камења, чир на желудник, панкреатит (воспаление на панкреасот).

2. Чир на желудник, киселини во желудникот, лошо варење на храната, панкреатит, жолчни камења, кила над папокот.

3. Чир на желудник, чир на дванаесетпалечно црево, панкреатит, опструкција на жолчни канали.

4. Камења во бубрезите, воспаление на мочни канали, констипација (запек), лумбална хернија.

5. Панкреатит, воспаление на слепо црево (рана фаза), чир на желудник, воспаление на дебело или тенко црево, папочна кила.

6. Камења во бубрезите, констипација, воспаление на дебело црево, дивертикуларна болест (може да предизвика крвавење во гастроинтестиналниот тракт).

7. Воспаление на слепо црево, констипација, болка во карлицата - гинеколошки проблеми, болка во препони - препонска кила.

8. Воспаление на мочни канали, воспаление на слепо црево, воспаление на дебело црево, карлична болка - гинеколошки проблеми, дивертикуларна болест (може да предизвика крвавење во гастроинтестиналниот тракт).

9. Дивертикуларна болест, карлична болка - гинеколошки проблеми, болка во препони - препонска кила.

Помалку сериозни причинители на болките се: констипација како резултат на неправилна исхрана, гастритис како резултат на прекумерно создавање желудочна киселина, труење со храна или желудочна вироза. 

Задолжително консултирајте се со вашиот доктор за секој тип на болка.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg