14 начини на кои можете да му помогнете на партнерот кој е во депресија
Состанувањето со некој кој се бори со депресија е навистина предизвикувачка работа. Многу е тешко да гледате како страда личноста што ја сакате.
На моменти е неподносливо и ви изгледа дека не можете да направите ништо за неа.
Но, вие дефинитивно можете да ѝ помогнете и да направите разлика. Ако ништо друго барем да не ги отежнувате дополнително работите за оваа личност.
Начини на кои можете да му помогнете на партнерот кој е во депресија:
- Слушајте внимателно пред да одговорите.
- Бидете сигурни дека креирате атмосфера во која партнерот нема да се чувствува осудувано и ќе има храброст јавно да говори низ што минува.
- Дадете му простор кога му е потребно.
- Не се обидувајте да го „поправите“.
- Читајте за депресијата за подобро да знаете низ што минува и како подобро да му пристапите.
- Не трудете се да го сакате толку многу и да верувате дека со таква доза на љубов ќе поправите сѐ.
- Покажете му дека го сакате и поддржувате дури и кога прави работи што ве иритираат, како немањето желба да стане од креветот.
- Кога партнерот има лош ден побарајте му помош за нешто – со правењето на добро дело за вас тој ќе се чувствува подобро.
- Не правете да се чувствува лошо кога ви откажува планови затоа што едноставно нема желба и енергија за ништо.
- Изградете добра мрежа на поддршка околу вас – семејство, пријатели, хоби, луѓе со слични интереси.
- Не правете да се чувствува лошо ако не постигнал ништо во одреден ден.
- Посочете му дека сте до него затоа што сакате да бидете, а не затоа што морате.
- Кажете му дека знаете дека да се биде во депресија не е исто што и да се биде тажен.
- Понекогаш само бидете тажни заедно со него.
С. С. | Црнобело