Што да јадете пред спиење?

sto-da-jadete-pred-spienje-povekjeДневниот распоред ви е натрупан со обврски. Колку време имате за квалитетен сон? На телото му е потребна соодветна регенерација после...

 

...дневното исцрпување. Со изборот на храната можете да влијаете на квалитетот на сонот.

Која храна делува позитивно на сонот?

sto-da-jadete-pred-spienje-1

1. Свежо сирење. 2 до 3 часа пред спиење го подобрува сонот. Тоа е извор на казеин – протеинот кој ги обезбедува мускулите со есенцијалните аминокиселини. Го поттикнува сонот и помага да се одморите. Парче сирење и неколку бадеми се одлични за добар сон.

sto-da-jadete-pred-spienje-2

2. Каша од житарици. Извор на серотонин кој го поттикнува сонот, го редуцира стресот и поттикнува смиреност и опуштеност. Додадете исецкано јаболко, цимет и топло млеко – идеална вечера.

sto-da-jadete-pred-spienje-3

3. Кикирики. Внимавајте на количината која ја внесувате затоа што имаат високо количество на масти. Неколку кикирики пред спиење се доволни за добар сон и поттикнување на серотонинот.

sto-da-jadete-pred-spienje-4

4. Топло млеко. Шоља топло млеко е најпопуларен начин за полесно заспивање. Млекото помага во регулирање на мелатонинот – хормонот кој природно го контролира циклусот на спиење и будење. Засладете го со лажичка мед.

sto-da-jadete-pred-spienje-5

5. Грозје. Делува исто како и млекото. Го комбинираат со јогурт.

Овие намирници не треба да ги консумирате непосредно пред спиење туку 2 до 3 часа пред да си легнете за да имаат време да се сварат и да почнат да делуваат.

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Сестра ми почина, како да разговарам со внукот на оваа тема?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Какви болести предизвикува загадувањето на воздухот (и има ли начин да се заштитиме)? Порано се верувало дека загадувањето на воздухот има влијание само врз респирато...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Избелување на забите, детоксикација - Дали навистина има придобивки од активниот јаглен? Активниот јаглен има способност да ги „зароби“ токсините во дигестивниот систем,...
Ротавирус кај деца: Кои се симптомите и колку е опасен? Ротавирусот многу лесно се пренесува и може да преживее неколку часа на неизмиен...
10 трикови со кои брзо ќе ја смирите анксиозноста, според психолог Потпевнувајте некоја мелодија или нежно масирајте ја вилицата за да ги релаксира...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg