7 причини зошто да престанете да спиете со мокра коса + како да ја исушите побрзо
Не постои личност кој барем еднаш не си легнала со мокра коса. И ова е сосем разбирливо – доцна е, треба да станете рано и, едноставно, немате ни време ни енергија да ја сушите косата.
Но кога ќе дознаете што сè се случува и кои се потенцијалните опасности од спиењето со мокра коса, сигурно ќе ја промените оваа навика.
Погледнете зошто треба да престанете да спиете со мокра коса:
Иритација на скалпот
Дали ви се случило да почне да ве чеша главата без навидум никаква причина? Обично кога се случува ова, луѓето го обвинуваат шампонот и другите продукти за коса, но оваа иритација може да биде последица и од спиењето со мокра коса.
Кога спиете со мокра коса, на вашата глава се создава совршена околина за развој на секакви бактерии кои го иритираат скалпот и создаваат првут.
Потешко расчешлување
Мократа коса е многу покршлива, а кога ќе си легнете без да ја исушите, следното утро чешлањето не само што ќе ви одземе време, туку и ќе ја оштети вашата коса.
Главоболки
Фризерите и експертите тврдат дека спиењето со мокра коса може да биде причина за главоболки. Наводно, мократа коса ќе ја намали температурата на вашето тело, особено во пределот на главата.
Кога телото ќе се обиде да ја зголеми температурата, ќе се зголеми и дотокот на крв во главата, а тоа ќе ви предизвика главоболка.
Заплеткување
Можеби спиењето со мокра коса нема да предизвика сериозни здравствени проблеми, но дефинитивно ќе има влијание врз вашиот изглед.
Спиењето со мокра коса не само што ќе го отежни чешлањето, туку може до толку да ја заплетка вашата коса, што ќе останете со „топчиња“ влакна.