7 причини зошто да престанете да спиете со мокра коса + како да ја исушите побрзо
Помал волумен
Бидејќи во текот на ноќта косата ќе ви биде мокра и залепена за главата, следното утро ќе немате никаков волумен.
Истовремено, во текот на спиењето сигурно ќе ја прекршите косата и таа ќе си ја задржи чудната форма и следниот ден.
Испукани врвови
Знаевте ли дека спиењетосо мокра коса е една од почестите причини за испукани врвови?
Мократа коса е многу покршлива, па додека се превртувате во сонот, постои голема опасност да ги оштетите влакната.
Иритација на кожата на вратот и лицето
Кога спиете со мокра коса, не страда само кожата на главата.
Кога се превртувате во текот на ноќта, косата се лепи и на вашето лице и вашиот врат. Влагата и температурата на вашето тело создаваат погодна околина за бактерии, па лесно може да дојде до секакви иритации.
Како побрзо да ја исушите косата?
Сега кога ве убедивме да престанете да спиете мокра коса, сигурно се прашувате како можете да ја исушите најбрзо.
1. Нанесете кондиционер за коса. Овие продукти колку-толку го намалуваат впивањето вода во косата, но и ќе ја направат многу помека.
2. Завиткајте ја косата во крпа. Крпата ќе впие голем дел од водата што останала на косата, само внимавајте да не ја стегате премногу.
3. Истресете ја косата. Откако ќе ја извадите крпата, „истресете“ ја косата со вашите раце.
4. Фокусирајте се на корените. Можеби сте забележале дека најбрзо се сушат врвовите на косата, па обрнете им внимание на корените. Неколкупати поминете со прстите низ корените на косата за да го олесните сушењето.
5. Исчешлајте ја косата. Иако не е препорачливо да ја чешлате косата дури е влажна, ако сте во брзање, нема да направите голема штета. Воздухот полесно ќе минува низ исчешлана коса, а со тоа и сушењето ќе трае пократко.
6. Не заборавајте да нанесете средство за заштита од топлина пред да ја исушите.
Спирова С. | Црнобело