Видео пораки од доктори со совети за дијабетичари во време на корона вирус
Во период на пандемија секој се плаши за своето здравје, а посебно оние кои се во ризична група, како дијабетичарите.
Но, доколку се одржува добро здравје и контрола на шеќерот во крвта, и тие може да бидат подеднакви како сите останати пациенти.
Со цел да го намалат стравот кај овие пациенти, Здружението на дијабетичари сними видеа со доктори-ендокринолози кои упатуваат совети.
Според нивните пораки, луѓето со дијабетес немаат поголема можност за зараза со вирусот, туку поголема можност за потешка форма на инфекција со корона вирус доколку се заразите. Но, доколку крвниот шеќер е добро регулиран и нема варијации, тогаш ризикот за тешка клиничка слика со корона вирус е ист како и кај останатите пациенти. Затоа грижете се за сопственото здравје.
Секогаш имајте контакт со докторот, како и при рака имајте лекови и материјали за контролирање на крвниот шеќер за да не мора да го напуштате домот често.
Балансот на физичката активност и исхраната се многу важни и во овој период заради одржување на имунитетот. Физичката активност не мора да се одржува надвор, туку може да најдете начин дома да бидете поактивни.
Менталното здравје и стресот исто така влијаат на контролата на шеќер, па одржувањето на добро ментално здравје е многу важно за контрола на дијабетес.