Колку долго може да преживее корона вирусот на медицинските маски?
Со појавувањето на корона вирусот, заштитните медицински маски ни станаа секојдневие.
Во низа истражувања беше откриено дека вирусот различно време се задржува на различни површини, па ако на хартија може да преживее само 3 часа, а 2 дена на разни меки ткаенини, колку време може да опстои на заштитната маска?
Иронично, но најдолго време вирусот успеал да издржи на надворешната страна од маската – цели 7 дена.
Поради тоа, неопходно е дезинфицирање на рацете пред да ја ставите маската и задолжително миење на рацете откако ќе ја извадите.
Никако не ги носете повеќепати маските за една употреба, а памучните маски за повеќе употреби перете ги на 90 степени и задолжително пеглајте ги.
М. Д. | Црнобело