Грешки кои не треба да ги правите пред да одите на различни лекарски прегледи

Кога одите на преглед, очекувате лекарот да ја заврши целата работа. Но, понекогаш треба и вие самите да направите неколку подготовки.

shto-se-treba-da-izbegnuvate-pred-da-odite-na-lekarski-pregled-01.jpg

Периодов секако сите лекарски прегледи кои не се неопходни е подобро да ги одложите за понатаму заради заштита од корона вирусот, но доколку нешто е неопходно важно е да знаете некои правила кои треба да ги почитувате, независно дали ќе важат за сега или за понатаму, кога ова ќе помине. 

Најдобро е да го прашате лекарот дали треба да земете предвид или да избегнувате нешто пред некој преглед, но можете да се подготвите и со следниве совети:

Не правете маникир/педикир пред да одите на дерматолог

Дерматолозите препознаваат и лекуваат над 3.000 разни болести. Ако одите на детален преглед, дерматологот ќе сака да ги провери и вашите нокти.

Причината е што овие делови од телото се подложни на габични инфекции, а самите нокти понекогаш покажуваат знаци за други болести.

Поради тоа, подобро прескокнете ги третманите за нокти пред посета на дерматолог.

shto-se-treba-da-izbegnuvate-pred-da-odite-na-lekarski-pregled-02.jpg

Не пијте алкохол пред тест за холестерол

Алкохолните пијалаци содржат шеќери и јаглехидрати. Овие состојки, пак, можат да предизвикаат покачување на холестеролот во организмот. Па, ако правите тест а сте пиеле алкохол, можно е да добиете погрешни резултати.

shto-se-treba-da-izbegnuvate-pred-da-odite-na-lekarski-pregled-03.jpg

Не одете жедни на уриноанализа

Човечката урина се состои од 99% вода, а само 1% останати состојки.

Поради ова, неколку часа пред да дадете примерок испијте повеќе вода. На овој начин ќе се осигурите дека телото ќе ослободи доволно од потребните материи за анализа.

shto-se-treba-da-izbegnuvate-pred-da-odite-na-lekarski-pregled-04.jpg

Не употребувајте дезодоранс пред мамограм

Причинат за ова се состојките на дезодорансите и антиперспирантите, кои некогаш содржат мала количина метали.

За време на тестот, овие метали можат дадат погрешни резултати.

shto-se-treba-da-izbegnuvate-pred-da-odite-na-lekarski-pregled-05.jpg

Не јадете црвена храна пред колоноскопија

Ако правите колоноскопија лекарот ќе ви ги даде потребните препораки, но добро би било да ја избегнувате црвената храна.

Имено, овие продукти можат да имаат влијание врз резултатите од анализата. Овде спаѓа храна како цвекло, домати, доматен сос…

Денот пред анализата, пак, препорачливо е да консумирате само течности.

shto-se-treba-da-izbegnuvate-pred-da-odite-na-lekarski-pregled-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg