Грешки кои не треба да ги правите пред да одите на различни лекарски прегледи

Не јадете солено пред проверка на крвниот притисок

Солта е состојка што може да го зголеми крвниот притисок, па најдобро би било да ја избегнувате пред негова проверка.

Воглавно, држете се понастрана од пресолена храна, како јаткасти плодови, брза храна и слично.

shto-se-treba-da-izbegnuvate-pred-da-odite-na-lekarski-pregled-07.jpg

Не земајте лекови пред анализа на крвта

Ако примате некоја терапија, консултирајте се со лекарот пред да правите што било.

Во спротивно, неколку денови пред анализата, избегнувајте да пиете какви било лекови на своја рака.

shto-se-treba-da-izbegnuvate-pred-da-odite-na-lekarski-pregled-08.jpg

Пред преглед не менувајте ја секојдневната рутина

Нашето тело е стабилен систем и потребно му е време да се адаптира на некоја нова рутина.

На пример, луѓето кои често патуваат знаат дека потребни им се околу 2 дена да се адаптираат на новата временска зона.

Истовремено, ако си легнете многу покасно од вообичаено пред да одите на преглед, телото ќе нема време да се адаптира на новото време за спиење и сигурно ќе чувствувате непријатност.

Ова важи и за навиките на исхрана, пиењето вода, вежбањето и слично.

shto-se-treba-da-izbegnuvate-pred-da-odite-na-lekarski-pregled-09.jpg

Не употребувајте креми, лубриканти или тампони пред ПАП тест

ПАП тестот е еден од најважните за женското здравје, а бидејќи резултатите влијаат од многу фактори, пред тестот избегнувајте тампони, креми, лубриканти и слично.

shto-se-treba-da-izbegnuvate-pred-da-odite-na-lekarski-pregled-10.jpg

Не користете гаџети пред посета на офталмолог

Гледањето во екран ги напрегнува и изморува очите. Ако користите премногу вакви направи пред преглед на очно, можно е да добиете погрешна дијагноза.

Најдобро е да им дадете време на очите да се одморат, барем неколку часа пред прегледот.

shto-se-treba-da-izbegnuvate-pred-da-odite-na-lekarski-pregled-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg