Зошто кога некои луѓе ќе се разболат, тоа „си го чуваат“ за себе?
Никој не сака да е болен, но некои луѓе се обидуваат болеста да ја избегнат, па дури и сокријат по секоја цена, дури и тогаш кога тоа е најглупавиот потег... Зошто?
Истражувачите се обидоа да го објаснат овој човечки феномен и утврдија 3 главни причини зошто луѓето болеста или настинката решаваат да си ја задржат за себе.
Луѓето кои најчесто ја кријат болеста, исполнуваат барем еден од трите критериуми:
1. Заработуваат помалку од просекот
Луѓето со ниски примања имаат чувство дека постојано се болни, поради постојаното одразување на финансиите. Лековите и терапиите им повлекуваат многу од средствата, па криењето на болеста им овозможува да го игнорираат овој трошок.
Исто така, се плашат и за своите работни места, односно се плашат дека доколку земат боледување, неплатено отсуство или кажат дека имаат сериозна болест – ќе ги отпуштат.
2. Сакаат да се фалат со висока толеранција на болка
Поднесувањето на болеста „на нога“ некои луѓе го гледаат како херојство, колку и да звучи контрадикторно.
3. Имаат симптоми на депресија
Според истражувањето, депресијата е тесно поврзана со физичките болки на грлото, честите грипови и вирози, односно оние кои имаат повеќе негативни емоции се поподложни на болести. Ова, секако, е несвесен фактор кој одредува дека човекот ќе ја премолчи болеста.
И да се разбереме, ништо од ова не е оправдување или тешење за да криете болест. Едноставно, пробуваме да разбереме што се врти во главата на луѓето кои не размислуваат дали ќе заразат и други луѓе...
М. Д. | Црнобело