Справете се со депресијата

kako-da-se-spravite-so-depresijata-povekjeЖивотот ми е мизерен. Која е поентата на сè што правам? Никогаш нема да бидам среќен/на. Ви звучат ли овие мисли познати? Веројатно дека да.

 

Повременото неубаво чувство е сосема нормално, но тоа не значи дека е лесно да се справите со него.

Ако му се препуштите на истото, тогаш негативните мисли само ќе продолжат да се хранат од вас и ќе ве донесат до сериозна депресија. Затоа е многу важно да преземете акција уште пред тие да завладеат со вас.

Иако овие предлози нема да ви ги елиминираат проблемите, можат да ви помогнат да го прекинете циклусот на негативни мисли и да се чувствувате поубаво.

Но, доколку мислите дека имате сериозен проблем тогаш веднаш побарајте стручна помош бидејќи не сте ни првиот ни последниот човек со вакви проблеми и немате за што да се срамите.

kako-da-se-spravite-so-depresijata

Разберете го емотивниот циклус – Животот е емотивен ролеркостер. Некои денови ќе се чувствувате дека никој во ништо не може да ве сопре, а некои пак крајно беспомошно. Повеќето од времето сте некаде на средина. Разбирањето на циклусот на позитивни и негативни мисли ќе ви овозможи да ги согледате вашите чувства реално. Следниот пат кога ќе се чувствувате лошо, потсетете се дека тоа е природно чувство кое што е неизбежно да помине. Знаењето дека депресивното чувство е минливо, го прави помалку ужасно.

Минувајте го времето со позитивни луѓе – Ништо не влијае повеќе на тоа како вие мислите и чувствувате од луѓето со кои комуницирате. И позитивните и негативните мисли се заразни. Ако сте опкружени од негативни луѓе, природно е дека и вие ќе почнете да размислувате на истиот начин. За да го подобрите вашиот поглед на животот, поминувајте повеќе време со позитивни луѓе. Најдете ги и пробајте да разберете како тие го гледаат светот.

Потсетете се на минатите успеси – Во фазата на очај, многу лесно е да се заборави сè што сте направиле правилно. Застанете и потсетете се на минатите остварувања и мотивирајте се. Што ве направило успешни претходно? Кои се вашите силни страни? Оваа вежба ќе ја зголеми вашата самодоверба, ќе ви помогне да откриете што тргнало наопаку и да добиете идеи за идни успеси.

Бидете благодарни – Во природата на човекот е да се мери со оние кои се над него на социјалната скала. Студиите покажуваат дека на луѓето им е поважно да бидат побогати од нивните пријатели отколку да заработат повеќе пари (за себе). Кога ќе го земете во предвид сето добро кое ви се случило во животот и ќе го споредите со проблемите на помалку среќните луѓе, она што ве прави депресивни нема да изгледа толку страшно.

Променете ја околината – Еден од најдобрите начини да смените како се чувствувате е да ја промените околината во која функционирате. Кога ќе паднете долу, почнувате тоа чувство да го асоцирате со сè околу вас. Може да дојде до точка каде околината ви е постојан потсетник на вашите проблеми. Ова може да стане опасен циклус. Решението е да ги смените нештата. Промената не мора да биде радикална. Чистење, додавање светлина или вклучување на пријатни декорации можат да го сменат расположението во просторот.

Сменете ја рутината – Проаѓањето на истата рутина, ден по ден, може да биде монотоно и депресивно. Често носи до заглавување во магичен круг од кој за да излезете морате да направите промени во вашата рутина. Ако можете, земете слободен ден од работа. Направете нешто што за кое обично немате време да го направите или нешто што не се осмелувате да го направите. Долгорочно, земањето на слободен ден од време на време може да ве извади од колосек и да ве направи посреќни и попродуктивни.

Комуницирајте со животните и природата – Интересно е кога ќе видите колку луѓето ставаат толкав акцент на нивните ситни проблеми. За разлика од нас, животните не размислуваат така. Малата птица не се жали по цел ден дека не е орел. Животните живеат во сегашноста и безусловно во секој момент ја покажуваат своајта љубов.

Раздвижете се – Движењето ќе ви направи да се чувствувате подобро! Танцувајте, одете на аеробик, пешачете, планинарете... Тоа ќе ви помогне да ја победите неизбежната летаргија која што доаѓа со депресивното чувство.

Размислувајте за големата слика – Ние сме мали небитни суштества кои живеат во голем универзум на мала планета. На долг рок, сè што ќе направиме најверојатно ќе биде заборавено. За некои ова е депресивно, но не треба да биде. Тоа значи дека сите наши проблеми се илузорни. За милион години никој нема да знае што вие сте или не сте направиле. Тоа што е важно е сегашноста и уживањето во секоја секунда со која животот нè благословува.

Направете нешто и помогнете си себеси – Пред сè, најдобриот начин да престанете да се чувствувате депресивно е да преземете акција! Кој е вашиот најголем проблем? Како можете да го отстраните? Еднаш штом решите да престанете да “кукате” и да се движите напред, нема да имате време да се чувствувате депресивно. Работите ќе го окупираат вашиот мозок и ќе ви дадат позитивна перспектива на работите. Штом добиете некои резултати, чувствувањето позитивно ќе ви биде сè полесно.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Го регулираат крвниот притисок, помагаат при слабеење – Најздравите летни зеленчуци Поради своите состојки, доматите го регулираат холестеролот, добри се за имуните...
Фиброаденоми (чворови на дојката) - како настануваат и како се лекуваат? Оваа грутка на градите може да порасне и до 10 сантиметри и да предизвика компли...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате) Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на но...
Што е предвремен пубертет, што го причинува и може ли да се спречи? Не секогаш може да се утврди точната причина за предвремен пубертет. Но, препора...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg