Како да го зачувате своето ментално здравје додека сте во изолација?
Дали почнаа да ве фаќаат кризи? Чувствувате ли необјаснива нервоза? Време е за работа на менталното здравје...
Да се биде затворен дома со денови навистина не е лесно, а сето тоа може да претвори во седмици, па и месеци.
Како да се заштитиме од стресот и анксиозноста во овој период? Дури и Светската здравствена организација призна дека корона вирусот има влијание врз менталното здравје на луѓето.
Трикови како да си помогнете:
- Најдете си хоби кое ќе ви го стимулира умот во слободното време, без разлика дали тоа е готвење, плетење, цртање или читање.
- Медитирајте за да ги сопрете негативните мисли во мозокот и да си пронајдете тивко место, почнете со 5/10 минути медитација на ден.
- Направете дигитална детоксикација, односно ограничете го времето што го минувате на социјалните мрежи затоа што тоа води кон лошо расположение и предизвикува анксиозност, социјалните мрежи може да бидат причина за паника поради вирусот.
- Практикувајте благодарност за да го насочите мозокот кон позитивни работи, заблагодарете што сте здрави, што до вас имате луѓе што ве сакаат и што имате храна, направете дури и листа за што сѐ сте благодарни.
- Излегувајте на тераса на чист воздух и редовно проветрувајте го вашиот дом, важно е и да го почувствувате сонцето на својата кожа.
- Вежбајте дома за да ви се лачи хормонот на среќа ендорфин.
- Креирајте план за претстојниот ден, тоа ќе ви даде чувство на контрола.
- Грижете се за физичкото здравје со здрава исхрана и витамини, така нема на ум да ви паѓаат негативни мисли.
С. С. | Црнобело