35 совети за зајакнување на имунитетот по брза постапка

На имунитетот треба да мислите постојано, не само кога ќе опадне.

35-soveti-za-zajaknuvanje-na-imunitetot-po-brza-postapka-06.png

Здравите навики не одземаат многу време, но мора свесно да ги одбирате.

Бидејќи добриот имунитет е клучен во вакви сезони на вируси, настинки и разни болести, составивме листа од 35 совети кои ќе ви бидат од помош.

1. Консумирајте барем 30g печурки на ден.

2. Говедското месо е богато со цинк, кој пак е важен за намалување на шансите од инфекции.

3. Пилешката супа со лук и кромид во прав е супер предјадење.

35-soveti-za-zajaknuvanje-na-imunitetot-po-brza-postapka-01.jpeg

4. Консумирајте по 1 шолја црн чај дневно.

5. Додадете свежа пиперка во ручекот, богата е со витамин Ц.

6. Рибата и рибиното масло се одличен чувар на имунитетот.

7. Слаткиот компир е богат со витамин А, минерали и влакна, неопходни на телото во борбата со настинските и болестите.

8. Јогуртот како пробиотик ја регулира работата на системот за варење.

9. Само 45g брокула ви помага да внесете 70% витамин Ц од препорачаните дневни дози.

10. Салатата или сокот од цвекло нека ви стане навика.

35-soveti-za-zajaknuvanje-na-imunitetot-po-brza-postapka-03.jpeg

11. Редовно грицкајте ореви, наместо чипсови.

12. Јаболката се успешен начин да се изборите против слободните радикали.

13. Салатата од зелка, свежа или кисела, е супер додаток на оброците.

35-soveti-za-zajaknuvanje-na-imunitetot-po-brza-postapka-02.jpeg

14. Здравјето е постабилно и ако почесто консумирате спанаќ, кој е богат со витамин Ц и Е, како и железо.

15. Внесувајте микс од свежо овошје во облик на смути барем еднаш дневно.

16. Може во него да додадете и тиква.

17. Зелените сокови се одлични за чистење на цревата, односно за детоксикација.

18. Ситно исечкајте 1 цвекло и прелијте го со неколку лажички мед. Консумирате по 1 лажичка трипати дневно за подобра крвна слика.

19. Честите воспаленија на грло може да се знак дека на телото му недостасува витамин Б2, а го има во млечните производи, зелениот зеленчук и рибата.

20. За зајакнување на имунитетот во сезона на воспаленија, консумирајте по 1-2 шолји чај од ѓумбир.

35-soveti-za-zajaknuvanje-na-imunitetot-po-brza-postapka-04.jpeg

21. Консумирајте суплементи, но не дозволувајте да ви го заменат свежиот зеленчук и овошје.

22. Бидете почесто на отворено, на чист и свеж воздух.

23. Исфрлете го шеќерот од исхраната, колку што можете.

24. Бидете физички активни барем 15 минути дневно.

25. Проветрувајте ги просториите во кои престојувате.

26. Пијте барем 4-5 чаши вода дневно.

27. Спијте барем 8 часа, за телото да биде одморено и успешно да се бори со сите ризици.

28. Не претерувајте со алкохолот.

29. Менувајте ја исхраната, односно не консумирајте еднолична храна секој ден.

30. Заборавете на диетите за брзо и екстремно слабеење.

31. Имајте секс.

32. Истегнете се.

33. Почастете се со егзотично овошје барем еднаш во месецот.

34. Одете на масажа за опуштање.

35. Пробајте плакнење на грлото и носот.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg