15 навики на луѓето кои никогаш не се разболуваат
Сите мислиме дека луѓето кои никогаш не се разболуваат се само едни обични среќници, но всушност, тие прават многу работи кои ние секојдневно ги занемаруваме.
Почнувајќи од физичкото здравје и редовното вежбање, па сѐ до правилната исхрана и грижата за менталното и духовното здравје, луѓето кои никогаш не се разболуваат имаат едноставни навики кои им помагаат во тоа.
Во продолжение погледнете 15 од нивните навики, кои колку-толку ќе ви помогнат периодов да се држите настрана од сите вируси и грипови.
Еве ги навиките на луѓето кои никогаш не се разболуваат:
1. Спијат доволно.
2. Редовно вежбаат.
3. Редовно ги мијат рацете, не само пред оброк.
4. Пијат доволно вода.
5. Понекогаш кафето го заменуваат со чај.
6. Одржуваат прилично балансирана исхрана.
7. Не ги грицкаат ноктите.
8. Медитираат.
9. Пешачат.
10. Јадат разнобојна храна.
11. Не се нервираат за непотребни работи и се обидуваат да го контролираат стресот.
12. Секогаш се грижат домот да им биде чист и среден.
13. Редовно одат на доктор на месечни, или барем годишни контроли.
14. Позитивни се.
15. Си допуштаат чаша вино еднаш во неделата.
Т. Ѓ. |Црнобело