Природни начини за забрзување на менструацијата
Можеби менструацијата овој месец ви доцни или едноставно сакате да почне неколку дена порано, за да заврши порано, за да бидете „слободни“ при веќе испланираното патување.
За тоа постојат неколку природни опции кои нема да ви го загрозат здравјето и пореметат циклусот понатаму:
Познато е дека големите дози на витамин Ц може да предизвикаат контракции на матката и да го исфорсираат почетокот на циклусот. Суплементите во доза од 3000mg витамин Ц три дена по ред би требало да ја завршат работата. Сепак, задолжително консултирајте се со лекар пред да почнете со консумација.
Две или три шолји силен чај од ѓумбир исто така може да го поттикнат менструалното крварење.
Чајот од магдонос исто така ги стимулира ѕидовите на матката.
Доколку знаете дека имате нередовни менструации, а сакате овојпат да добиете точно навреме, добра опција е од првиот ден на циклусот да пиете чај од невен, по 2-3 шолји дневно, до следната менструација.
Чајот од невен ги регулира циклусите, но треба да го пиете редовно од првиот ден.
М. Д. | Црнобело