Што треба да јадете за да избегнете настинки?
Колку и да звучи клише и постојано сите да го кажуваат, вистина е: храната која ја консумираме има големо влијание врз нашето здравје и имунитет.
Храната не може да излечи никаква настинка или пак вирус доколку веќе сме го „закачиле“, но исхрана богата со многу витамини и минерали може многу да придонесе при зајакнување на имунитетот и неговата борба со вирусот.
Освен што треба да ги консумираме подолу наведените намирници, постои и листа од намирници кои треба да се избегнуваат, посебно во „критични“ периоди кога насекаде владеат голем број на вируси и настинки.
Храна што треба да се избегнува: процесирана храна со многу шеќери, особено бел шеќер, храна со ниско ниво на протеини, храна од рафинирано брашно.
А, сега да преминеме на главното, прочитајте кои намирници помагаат да го зајакнете вашиот имунитет:
Лук
Не сите се обожаватели на лукот и на неговиот мирис, но тој изобилува со многу антивирусни и антимикробни придобивки, и е најмногу ефективен кога се јаде свеж.
Витамин Ц
Витаминот Ц може многу да ја зголеми активноста на „природните клетки убијци“ кои се одговорни за елиминацијата на вирусите од телото.
Ќе треба да испиете многу природно цедени лимонади пред вашето тело да ја осети позитивната придобивка од овој витамин, па затоа препорачливо е да почнете што почесто да го консумирате.
Печурки
Да, навистина звучи чудно но, печурките можат да го зајакнат имуниот систем, најмногу кога се консумираат свежи, а не од тегла или пак премногу преработени со многу зачини.
Цинк
Цинкот е надалеку познат дека е непријател на сите вируси и настинки. Затоа претпочитајте да консумирате храна богата со цинк како што е месото, многу од зеленчуците, особено спанаќ, разни видови на семки, јајца и слично.
Ѓумбир
Најчесто доаѓа до забуна како ѓумбирот да се вметне во исхраната. Многу од нутриционистите и докторите ширум светот препорачуваат да се вари како чај или пак да се консумира заедно со цеден сок од моркови кои изобилуваат со витамин А.
Т. Ѓ. | Црнобело