Дали е во ред да спиете со контактни леќи?

Ако носите леќи, сигурно сте биле во искушение да не ги извадите пред спиење. Можеби и многупати сте заспале со нив. 

dali-e-vo-red-da-spiete-so-kontaktni-leki-01.jpg

Понекогаш сме премногу уморни и, сакале или не, заспиваме пред телевизорот без ги направиме вообичаените вечерни ритуали, како што се отстранување на шминката, четкање на забите и вадење на леќите. Но, дали е здраво да спиете со контактни леќи?

Офталмолозите ќе ви кажат дека ова е многу ризично однесување, кое може да има многу сериозни ефекти врз вашето здравје (како слепило). За да разбереме зошто е тоа така, прво мора да дознаеме што точно се случува со очите за време на спиење.

dali-e-vo-red-da-spiete-so-kontaktni-leki-02.jpg

Научниците велат дека за квалитетот на нашиот вид треба да спиеме најмалку 5 часа на ден. Во овој период важно е очите да бидат барем малку изложени на кислород од околината.

Во ситуација кога носиме леќи, а очите се затворени, очигледно е дека постои одредена бариера што делумно го спречува овој процес.

Dali e zdravo da spiete so kontaktni leki 02

Не треба да се заборави и на опасноста од инфекции. Леќите се сепак страно тело што го ставаме на нашите очи, затоа е круцијално редовно да ги миеме. Не е здраво да носите исти чорапи повеќе од 24 часа, а камоли нешто деликатно како леќи.

Денес можат да се купат леќи за продолжено носење што, наводно, не мора да ги вадите пред спиење.

Сепак, повеќето лекари ќе ви кажат дека овие леќи се наменети само за терапевтски цели (за третман на некои заболувања на очите) и дека сè уште се препорачува да ги вадите и миете секоја вечер.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg