Чешање, непријатен мирис - кои се најчести симптоми на сексуално преносливите болести?
Полово преносливите болести се инфективни болести кои се пренесуваат со сексуален однос – вагинален и анален. Најпознати се гонорејата, сифилис, херпесот.
Ова се најчестите и да речеме „најпопуларните“ болести кои може да се пренесат со сексот:
Вирусни инфекции: ХИВ, генитален херпес, хепатит Б, хепатит Ц, генитални брадавици
Бактериска инфекција: кламидија
Габична инфекција: кандида
Паразит: трихомонас
Сите наведени освен ХИВ-от се лечат брзо доколку се откријат навреме.
Кои се најчести симптоми на полово преносливите болести?
1. Имате зголемен секрет и непријатен мирис на вашите гениталии.
2. Имате осип или чешање во гениталниот предел.
3. Имате оток, брадавици и пликови во делот околу половите органи или во близина на аналниот отвор.
4. Сте забележале раничка во овие предели.
5. Имате болка за време на сексуален однос.
6. Имате крвавење за време на сексуален однос.
7. Чувствувате чудна болка во стомакот.
8. Вашата урина е темна и има непријатен мирис.
9. Имате чувство на пецкање за време на мокрење.
Доколку имате било кој од овие симптоми, веднаш обратете се на доктор. Повеќето од полово преносливите болести се лечат доколку се почне навремено. Не чекајте ниту секунда.
Е. П. |Црнобело