Утрински навики со кои денот ќе ви започне спокојно и без нервози
По утрото денот се познава. Затоа многу е важно со каква енергија ќе му пристапиме и дали нашето утро ќе биде спокојно или пак во брзање и нервози.
Постојат голем број на утрински навики кои помагаат да се ослободите од внатрешен стрес и нервоза, а ние за вас издвоивме 4 од нив многу лесни и практични.
Овие навики ќе ви ги „наполнат“ батериите за претстојниот ден и ќе ве ослободат од нервозите и стресовите, независно дали е работен ден или викенд.
Прочитајте 4 утрински навики кои ќе ви помогнат да го започнете вашиот ден спокојно и без стресови и нервози:
Утрински молк и тишина
Утринското молчење и уживањето во тишината наутро можат да бидат многу продуктивни и смирувачки. Можете однапред да размислите кои ви се целите за денот и што сакате да направите во него.
Однапред испланираниот ден секогаш има многу поголема продуктивност од оној кој не го планираме. Ова важи и за работните обврски, но и за рекреативните активности за викендите и кафињата со пријателите.
Од вечер планирајте што ќе облечете следниот ден и планирајте ги оброците
Тој молк можете да го искористите и да го испланирате вашиот аутфит и појадокот и ручекот за кој постојано се размислувате, па наместо да поминете 20 минути пред плакарот чудејќи сè што да облечете пред излегување, подготовката ќе ви помине без нервози.
Но, најдобро е тоа да го направите од вечер, наместо да вртите по Инстаграм пред легнување.
Препорачливо е да не се користат никакви електронски уреди минимум 30 минути пред спиење за подобар сон. Па затоа тоа време искористете го паметно, а со оваа рутина ќе можете да си поспиете и малку подолго, зарем не?
Телефонот нека не биде првото нешто со што ќе се разбудите
Ова е златно правило за да не си предизвикате нервоза и стресови уште по сабајле. Важно е да бидете во тек со настаните и новостите што се случуваат по светот, но гледајте тоа да го правите кога сте потполно расонети.
Затоа практикувајте да не читате уште наутро глупости по социјалните мрежи и дајте си време за мир и спокој. Наместо тоа пуштете си музика за денот да ви започне подобро.
Напијте се топол чај
Зелениот чај е познат по тоа што смирува и ве ослободува од стрес, па затоа е многу паметен избор наутро за денот да ви започне совршено. Пиењето топла шолја чај наутро во мир и тишина може да ви го промени целиот живот и да ве направи многу посмирена личност.
Т. Ѓ. | Црнобело