Знаци кои покажуваат дека сте пред „празничен“ нервен слом

Новогодишните прослави поминаа, но допрва нè чекаат јануарските празници. А, ова значи дека грижите за подароци, декорации, ручеци и облека сè уште траат.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-ste-pred-praznichen-nerven-slom-01.jpg

Факт е дека повеќето луѓе се изложени на огромен стрес овој период, дури и повеќе од што можат да поднесат. Затоа не е ни чудно што многумина доживуваат „празничен“ нервен слом.

Па, доколку се препознаете во некој од следниве знаци, направете пауза за да го зачувате вашето здравје:

Имате преголеми очекувања

Ако имате чувство дека не сте ги оствариле целите и очекувањата од минатата година, нормално е да се зголеми нивото на стрес.

Неретко очекувањата на луѓето се толку нереални, што нема како да се исполнат.

Наместо да се грижите за работите што не сте ги завршиле до крајот на годината, обидете се да се фокусирате на она што сакате дa го правите сега.

Пред вас е нов почеток, поставете реалистични цели и ќе се ослободите од разочарувањето.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-ste-pred-praznichen-nerven-slom-02.jpg

Си давате премногу обврски

Помеѓу работните и домашните обврски, работните и семејните прослави, лесно можете дa се „изгубите“.

Веројатно, периодов вашата листа со обврски нема крај, па немате време ни за јадење, ни за спиење.

Како со целите, бидете реалистични и со обврските што можете да ги завршите. Одредете ги приоритетите, одвојте време и за одмор и многу полесно ќе ја преживеете сезоната.

Истовремено, не плашете се да побарате помош од семејството и пријателите.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-ste-pred-praznichen-nerven-slom-03.jpg

Односите со семејството се напнати

Ако имате проблематични родители, браќа или сестри, нормално е овој период односите да бидат понапнати.

Проблемот е што целата ситуација може да ескалира, па да си го уништите целиот празничен период.

Обидете се да не очекувате премногу од семејството и роднините. Кога ќе сфатите дека целата ситуација ви е премногу, најдобро е да се тргнете настрана да одморите неколку минути.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-ste-pred-praznichen-nerven-slom-04.jpg

Паричникот ви е празен

Ако сте во лоша финансиска состојба, тогаш, во празнична сезона ова ќе ви создава дополнителен притисок.

Важно е да знаете дека не сте должни да трошите цело богатство за другите. Ако не сте во можност, подобро прескокнете ги подароците оваа година или подарете нешто што ќе го направите сами.

Очекувањата на другите не се ваш проблем и не треба уште толку да „заглавите“ поради нив.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-ste-pred-praznichen-nerven-slom-05.jpg

Се справувате со депресија или друг здравствен проблем

Се очекува луѓето да бидат среќни овој период, но тоа може да претставува вистински проблем за оние кои страдаат од депресија или друг здравствен проблем.

Бидете искрени и отворени кога станува збор за вашите емоции. Разговарајте со семејството и пријателите и најдете начин како да ја направите празничната сезона поднослива за вас.

Ако се чувствувате лошо, нема потреба да присуствувате на сите собири и средби. Вашето физичко и ментално здравје нека ви биде приоритет.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg