Пиј многу вода, спиј колку можеш повеќе - Совети за здравјето кои не треба да ги слушате
Изгледа дека секогаш настојуваме да ги делиме спветите на добри и лоши. Но, кога ќе размислите подобро, нештата не се така црно-бели.
Понекогаш лошите совети можат да бидат од корист, а некогаш, пак, навидум добрите совети само ви прават повеќе штета.
Погледнете кои се добрите совети што сите ги слушаме, но со кои си го уништуваме животот:
Спијте колку што сакате
Квалитетниот сон е клучен за здравјето, но ова не значи дека треба да спиете колку што сакате.
Спиењето повеќе од 9 часа дневно може да предизвика депресија, да го зголеми ризикот од дијабетес, да биде причина за дебелеење и срцеви заболувања, но и да го зголеми ризикот од Алцхајмер и деменција.
Пијте многу вода
Знаевте ли дека постои труење со вода? Ова труење може да предизвика проблеми со бубрезите, како и белодробен и церебрален едем.
Здравите бубрези можат да процесираат најмногу 1 литар вода на час. Па, ако испиете повеќе во тој период, речиси сигурно ќе си предизвикате проблем.
Миете ги забите после оброк
Откако ќе завршите со јадење, киселоста во устата е зголемена. Па ако ги измиете забите во тој момент, само го зголемувате ризикот од ерозија на емајлот.
Ако ги миете забите после, а не пред појадок, ѝ помагате на киселината да продре во забите.
Воздржувајте се од кивање
Кога кивате, воздухот излегува со брзина од 120 метри во секунда. Кога ќе го потиснете, целиот притисок се префрла на внатрешните органи и можете да се повредите.
Покрај тоа, абнормалната акумулација на воздух во градите може да предизвика дополнителни проблеми.
Кога кивате, пак, добро е секогаш да ја покриете устата, но со шамивче. Ако ја покриете устата со дланката, сите бактерии што се ослободиле со кивањето ќе останат на неа, па потоа ќе ги разнесете на сè што ќе допрете.