Трикови за здраво готвење
Не е важно само кои јадења ги јадеме туку и како тги подготвуваме. Дури и мали измени во начинот на готвење можат да ја дуплираат хранливоста на вашиот оброк.
Ова се мали трикови како да готвите здраво:
1. Печете ја рибата
Совет за потенка линија: рибите кои содржат масти (како лососот) треба да се печат на малку маслиново масло. На овој начин се апсорбира маслиновото масло и се намалува количината на маснотии за 10%, а со тоа и непотребните калории. Потребно е само малку маслиново масло, колку да се намачка плехот. Печената риба е вкусна ако ја прелиете со лимон, со малку издробен лук и малку црн пипер. Со ова добро оди зеленчук варен на пареа.
2. Варете го патлиџанот
Варениот патлиџан е добар за помлад изглед на кожата, како и за заштита од канцер. Во споредба со свежиот домат, варениот содржи повеќе ликопен- моќен антиоксиданс. Овој елемент ја штити кожата од УВ зрачења. Можете и да го потпечете доматот во релна, на парче тост- ќе добиете вкусни и здрави сендвичи.
3. Изгмечете го лукот
Познати се лековитите својства на лукот. Едно од нив е позитивното делување на артериите, но треба да се внимава при готвење да не му ги уништите заштитните својства. Затоа, најдобро е прво да го изгмечите со нож и да го оставите да постои половина час.
4. Подгответе ја брокулата на пареа
Овој убав и вкусен зеленчук е еден од најважните продукти за намалување на ризикот од рак. Ако се подготви на пареа, ќе задржи најмногу глукозинолати- елементи кои се најважни во борбата против рак. Со останатите техники на готвење, количината на овој елемент ќе биде помала. Ако немате специјален сад за готвење на пареа, ќе послужат и некои обични. Ова јадење можете да го подготвите на следниот начин: исецкајте ги цветовите на брокулата, ставете малку вода во тенџерето. Кога водата ќе зоврие, над неа ставете метална цедалка и во неа ставете ја брокулата. Варете 6-7 минути, на среден оган.
5. Варете го месото
Многу стручњаци критикуваат претерано јадење на месо бидејќи некои својства на овој продукт можат да доведат до дијабет и срцеви заболувања. Кога месото се подготвува во вода и кога подолго се вари, се намалуваат компонентите кои ги оштетуваат клетките дури за 50%. За да месото биде повкусно, во водата за готвење додадете сезонски зеленчук и зачини.
6. Чувајте ја лубеницата на собна температура
Ако ја оставите лубеницата да отстои неколку дена, во неа ќе се зголеми нивото на ликопен и бета-каротен.