3 делови од телото кои патат од носењето штикли, покрај стапалата
71% од жените се во грч и болка додека носат штикли, покажуваат истражувањата. Но, колку и да ви изгледа безопасна таа краткотрајна болка, сепак може да остави трајни последици врз здравјето.
Освен стапалата, страдаат уште 3 делови од телото. Поточно, зборуваме за:
1. Колковите
При носење штикли телото се мачи да ја одржи рамнотежата, па поради тоа половината почнува да се витка, а природниот агол на колковите се менува.
2. Коленици
Повторно, бидејќи телото се обидува да држи баланс, притисокот од тежината паѓа и на колениците. Нивната природна позиција се поместува малку нанапред, за да може да се движите нормално.
3. ’Рбет
Вообичаено, ‘рбетот има благо закривување кое го намалува стресот врз разните делови од телото при движењето. Но, кога носите штикли, закривувањето во ‘рбетот се зголемува, па неприродната положба доведува до стегање на мускулите и болка.
М. Д. | Црнобело