Едноставни трикови за справување со најчестите проблеми со ноктите

Навистина е лесно да ги оштетите вашите нокти, а секој од проблемите со нив може да биде непријатен.

ednostavni-trikovi-za-spravuvanje-so-najchestite-problemi-so-noktite-01.jpg

Сепак, иако понекогаш изгледаат страшно, проблемите со ноктите се решаваат многу лесно, и тоа од удобноста на вашиот дом. Покрај тоа, во повеќето случаи ќе ви бидат потребни состојки што сигурно веќе ги имате во кујната или тоалетот.

Погледнете ги најефективните трикови и „рецепти“ за справување со најчестите проблеми со ноктите:

Сраснати нокти

Ова е можеби најдосадниот проблем со ноктите. Најчестите симптоми се црвенило, болка и чувствителност околу ноктот. Понекогаш се појавуваат и отоци и инфекција на кожата околу ноктот.

- Направете си купка со топла вода за стапалата. Ова ќе го намали отокот и болката. Киснете го стапалото околу 20 минути, а за подобри резултати можете да додадете и крупна сол.

- Во купката можете да додадете и ¼ шолја јаболков оцет. Јаболковиот оцет е антисептик, ќе го намали воспалението и ќе ја намали болката.

- Откако ќе завршите со купката, под работ на ноктот ставете малку памук или конец за заби. На овој начин ќе го поткренете ноктот над кожата.

- Чевлите и чорапите што ги носите имаат големи влијание врз стапалата и ноктите. Осигурете се дека имате доволно простор во обувките и дека чорапите не создаваат многу притисок.

ednostavni-trikovi-za-spravuvanje-so-najchestite-problemi-so-noktite-02.jpg

Подигнати нокти

Ова се случува кога ноктот постепено се одвојува од кожата. Главно ова е бавен и безболен процес, но може да предизвика неудобност. Понекогаш се забележува и промена на бојата и формата на ноктот.

Масло од чајно дрво: Ова масло има антибактериски својства и може да ги отстрани габите кои се наоѓаат под ноктот. Сè што треба да направите е да нанесете мешавина од масло од чајно дрво и кокосово масло на ноктот.

ednostavni-trikovi-za-spravuvanje-so-najchestite-problemi-so-noktite-03.jpg

Здебелени нокти

Здебелувањето на ноктите е почесто на стапалата и најчесто е поради габична инфекција. Во овој случај, ноктите стануваат подебели, ја менуваат бојата и се кршливи. Понекогаш инфекцијата е придружена и со непријатна миризба.

Крупна сол: Исечете ги ноктите доволно за да можете да стигнете до инфекцијата. Потоа направете купка со топла вода и крупна сол и киснете ги стапалата 2-3 пати дневно.

Бел оцет: Исечете ги ноктите и направете купка од топла вода и бел оцет – 1 шолја оцет и 2 шолји вода. Оваа купка ќе го намали растот на одредени бактерии.

ednostavni-trikovi-za-spravuvanje-so-najchestite-problemi-so-noktite-04.jpg

Габични инфекции

Најпрвото нешто што се забележува кај габичните инфекции е бела или жолта дамка под ноктот. По некое време, инфекцијата ќе се прошири и целиот нокот ќе стане жолт.

Купка: Направете купка од 4 шолји жешка вода, ½ шолја сода бикарбона, ½ шолја крупна сол и ¼ шолја хидроген пероксид.

Масло од оригано или чајно дрво: Овие масла имаат антисептички својства. Нанесете ги директно на инфицираното место.

ednostavni-trikovi-za-spravuvanje-so-najchestite-problemi-so-noktite-05.jpg

Лупење на нокти

Кај оваа појава, горниот слој од ноктите почнува да се лупи. Можете да забележите и дека ноктите се покршливи и помеки од вообичаени.

Хидратација: Кремите и маслата за хидратација можат да помогнат во овој случај. Нанесувајте ги директно на ноктот и кожата околу него.

Сечете ги ноктите додека се влажни: Доколку имате проблем со лупење на ноктите, немојте да ги сечите додека се суви. Со ова само ќе го влошите проблемот.

Носете ракавици додека чистите: Премногу вода, како и хемикалиите од средствата се штетни за дланките и ноктите. Па, секогаш носете ракавици.

ednostavni-trikovi-za-spravuvanje-so-najchestite-problemi-so-noktite-06.jpg

Хематом

Доколку сте го оштетиле ноктот, можно е да се појави хематом под него. Иако ова е само згрутчена крв, дефинитивно не изгледа убаво. Покрај темната дамка, можете да забележите зголемена чувствителност на ноктот и чувство на притисок.

Мраз: Ставете мраз на ноктот со хематом. Ова ќе ги намали болката и отокот.

Одмарајте: Обидете се да не го мрдате многу прстот со хематом.

Компресија: За да го намалите дотокот на крв до оштетениот дел, завиткајте го ноктот го завој.

Држете го прстот повисоко: За дополнително да ги намалите болката и отокот, држете го прстот подигнат.

ednostavni-trikovi-za-spravuvanje-so-najchestite-problemi-so-noktite-07.jpg

Пожолтени нокти

Ноктите можат да ја променат бојата од разни причини и можат да станат бели, жолти па дури и зелени. Ноктите ја менуваат бојата поради габични инфекции, лак за нокти и слично.

Сода бикарбона: Измешајте ½ лажица хидроген пероксид со 1 лажица сода бикарбона. Втријте ја смесата на ноктите и оставете ја 3 минути.

Бел оцет: Доколку промената на бојата е поради бактериска инфекција, направете купка од вода и бел оцет.

Лимонов сок: Лимоновиот сок е одличен за отстранување дамки од ноктите. Сè што треба да направите е да го накиснете проблематичниот нокт.

Направете пауза од лакирање: Темните лакови можат да ја променат бојата на ноктите. Доколку ова е причината, некој период паузирајте од лакирање.

ednostavni-trikovi-za-spravuvanje-so-najchestite-problemi-so-noktite-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
„8 месеци пиев јаболков оцет наутро – Како тоа ми помогна со синдромот за полицистични јајчници?“ „Се чувствував како да имам многу повеќе енергија, немав проблеми со подуеност, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg