Што се случува кога пиете алкохол за време на циклус?
Можеби од бабите сме слушнале дека чаша вино ќе ги ублажи менструалните болки, но гинеколозите не би се согласиле со ова.
Всушност, експертите предупредуваат дека ако имате проблем со променливо расположение, мачнина или менструални болки, не треба да се напиете ни голтка алкохол.
Дури и умереното пиење алкохол може да има влијание врз менструалниот циклус.
Иако се потребни дополнителни истражувања за сите причини и последици, познато е дека алкохолот има влијание врз хормоните во телото.
Поради ова, ПМС симптомите, како болка во стомакот, можат да станат уште поизразени. Истото важи и за променливото расположение, кое е чест симптом на ПМС.
Алкохолот може да ги засили и симптомите како главоболка, мачнина и чувствителност на градите.
Доколку пиете алкохол пред менструалниот циклус, тоа може да ја подрани или задоцни менструацијата. Причината за ова е хистаминот – хемикалија што ја произведува имунолошкиот систем. Алкохолот, пак, го поттикнува лачењето на оваа состојка.
И додека хистаминот има многу важни и корисни функции, преголемото количество во организмот може да влијае врз овулацијата.
Покрај тоа, за време на менструација се намалува толеранцијата на алкохол кај жените. Ова значи дека можете да се опиете со помало количество алкохол.
Истовремено, доколку имате силни болки и се напиете апче, алкохолот ќе ја намали неговата ефикасност.
Алкохолот може и да ве дехидрира, но и да ја направи менструацијата многу пообилна.
Сепак, доколку навистина има повод и сакате да се напиете, една чаша вино не би требало да ви направи проблем.
Спирова С. | Црнобело