Дали мојата крвна група е компатибилна? Сѐ што треба да знаете за дарувањето на крв
Нема ништо похумано од дарувањето крв на оние на кои тоа им е најпотребно.
Според американскиот Црвен крст, една донација може да спаси дури три животи, а во просек потребата за крв е присутна на секои две секунди.
Секој од нас е роден со одредена крвна група: А, Б, АБ или 0 и позитивен или негативен Резус фактор (Rh), што значи дека секоја крв има свои специфични карактеристики и не сите се компатибилни едни со други.
Всушност, крвната група не е толку едноставна како што ние мислиме.
Неа можеме ја поделиме во четири различни групи, но до денес, во човечкиот род се откриени повеќе од 600 различни крвни групи.
Широк спектар на пациенти добиваат трансфузија на крв.
Различните компоненти на донираната крв се користат за лекување на различни состојби.
- На пример, црвените крвни клетки се трансфузираат на пациенти кои изгубиле крв како резултат на траума или операција и за лекување на анемија.
- Пациентите со карцином имаат потреба од трансфузија на тромбоцити за да ги заменат здравите клетки што се уништуваат за време на хемотерапија и зрачење.
- На жртвите од изгореници честопати им е потребна трансфузија на плазма за да ги ослободат од шок.
Кој може да дарува крв?
Постојат многу митови поврзани со ова прашање, затоа во продолжение ви ги приложуваме вистинитите факти кои ќе ги засенат сите дезинформации:
- Стандардните старосни граници за дарување на крв се 18-65 години.
Ако сте помлади и сакате да донирате, можете да го сторите тоа со претходна родителска согласност.
- Вашата тежина треба да изнесува најмалку 50 килограми.
- Мора да бидете во добра здравствена состојба.
- Не смеете да земате антибиотици или друг вид на лекови.
- Не можете да донирате доколку имате настинка, грип, болки во грлото, стомачен вирус или некоја друга инфекција.
- Ако неодамна сте направиле тетоважа или сте ставиле пирсинг на вашето тело, не можете да донирате 6 месеци од датумот на постапката.
- Доколку сте посетиле стоматолог за мал зафат, мора да почекате 24 часа пред да донирате.
- Не смеете да донирате крв ако не го исполнувате минималното ниво на хемоглобин во крвта.
- Не е препорачливо да донирате крв додека сте бремени и додека доите.
Дали дарувањето на крв е безбедно?
Апсолутно. Условите за дарување крв се санитарни, а иглите се стерилни и за еднократна употреба.
Како да се подготвам за донирање на крв?
Јадете добро избалансиран оброк, без масна или пржена храна.
Начин на исхрана кој редовно вклучува храна богата со железо ќе помогне во промовирањето на регенерацијата на црвените крвни клетки, зголемувајќи ги вашите шанси да имате соодветно ниво на хемоглобин за дарување на крв.
Како ќе се чувствувам по донирањето?
Повеќето донатори велат дека се чувствуваат одлично по нивното донирање.
Запомнете, најважното нешто кое треба да го направите по овој хуман гест е јадењето на здрав оброк потоа и внесувањето на многу течности.
Може да продолжите со вашата нормална рутина, но избегнувајте кревање на тешки предмети и напорно вежбање првите 12 часа.
Кому можам да дарувам?
Се разбира, пред да дадете или да примите крв, задолжително е да се одреди крвната група.
Секоја крв има свои специфични карактеристики и сите тие не се компатибилни едни со други.
Во продолжение можете да ја видите компатибилноста на крвта помеѓу донаторот и примателот на донираната крв:
А+ може да дарува на групите: А+ и АБ+, а да прими: од А+, А-, 0+, 0-
А- може да дарува на групите: А+, А-, АБ+, АБ-, а да прими од: А- и 0-
Б+ може да дарува крв на групите: Б+, АБ+, а да прими од: Б+, Б-, 0+, 0-
Б- може да дарува крв на групите: Б+, Б-, АБ+, О+, а да прими од: Б-, 0-
О+ може да дарува крв на групите: А+, Б+, Аб+, О+, а да прими од: 0+, 0-
О- може да дарува крв на групите: А+, А-, Б+, Б-, АБ+, АБ-, О+, О-, а да прими од: 0-
АБ+ може да дарува крв на групите: АБ+, а да прими од: А+, А-, Б+, Б-, АБ+, АБ-, О+, О-
АБ- може да дарува крв на групите: АБ+ и АБ -, а да прими од: АБ-, А-, Б-, 0-
Исто така, важно е да се знае дека утврдувањето на крвната група може да влијае од следново:
- Промена во крвната група може да биде предизвикана од карцином или леукемија.
- Соодветната проверка во постапката на Х-зраци пред да се утврди крвната група може да влијае на точноста на резултатите од крвната група.
- Лажниот позитивен резултат на Rh-факторот може да се должи на земање на некои лекови, како што се антибиотици.
- Ако некое лице има добиено трансфузија на крв во рок од три месеци, пред да се утврди крвната група.
Затоа, не двоумете се.
Вие ќе изгубите неполн час, а за некој тоа би значело цел живот.
Бидете примерот кој сакате да се следи, спасете нечиј живот!
Мила М. | Црнобело