Едноставен тест со прстите кој може да укаже на рани симптоми на рак на белите дробови
Малкумина од нас ги поврзуваат нашите раце и прстите со белите дробови. Сепак, експерт открил едноставен трик со прстите на рацете кој наводно може да открие тумор на главниот респираторен орган.
Ема Нортон, медицинска сестра на одделот за онкологија во Bupa, Велика Британија советува да ги споите двата показалци исто како на сликата.
Поголемиот дел од вас ќе забележат процеп помеѓу ноктите во облик на дијамант. Доколку ваквата празнина недостасува ова е знак на задебелување на прстите.
Овој навидум незначителен симптом се појавува дури во 35% од пациентите кои боледуваат од рак на белите дробови, според Cancer Research UK.
Овој тест го вршат и медицински професионални лице како еден од многуте методи за утврдување на состојбата, но може да гo направите и самите, а трае само неколку секунди.
Доколку не успеете да видите никаква празнина односно процеп помеѓу споените нокти на прстите, ова значи дека вашите прсти се потечени.
Иако нема потреба од паника, сепак Нортон препорачува да се упатите на преглед, за да бидете сигурни. Во некои случаи едноставно може да станува збор за отечени прсти кои се наследни.
Потеченоста се однесува на промена на обликот на прстите и ноктите. Најчесто започнува со промена на ноктот, во смисла тој станува многу мек, а околната кожичка која го опкружува е сјајна.
Ноктот изгледа многу позаоблен и подебел кога се набљудува од страна. Крајот на ноктот може да се задебели, да стане поголем, до точка на искривување. Оваа состојба најчесто не е проследена со болка, а може да зафати само еден прст наместо сите.
Како ракот на белите дробови се поврзува со отеченоста на прстите?
Зошто прстите се задебелуваат и при спојувањето на показалците не може да видите процеп е сè уште нејасно. Се смета дека е предизвикано од собирање на течностите во меките ткива на крајот од прстите.
Ова може да се должи на поголемиот проток на крв во областа или поради хемикалиите или хормоните што ги ослободуваат туморите. Ниското ниво на кислород во крвта може исто така да предизвика ослободување на протеините на „васкуларните ендотелијални фактори на растот“.
Ова може да доведе до отекување и поделба на клетките во периферниот дел на ноктите. Отекувањето и задебелувањето на прстите најчесто се поврзува со карцином на белите дробови.
Со помош на овој едноставен тест лекарите можат многу порано да ја детектираат болеста. Сепак, овој тест не покажува 100% точност, па нема потреба од паника, доволно е само да направите преглед.
(О)Милена | Црнобело