Стресот може да го намали мозокот - Како да ја спречите оваа појава?

Изгледа дека стресот нанесува многу поголема штета отколку што мислевме.

stresot-mozhe-da-go-namali-mozokot-kako-da-ja-sprechite-ovaa-pojava-01.jpg

Стресот може буквално да ве направи послаби, а после подолг период, може да го намали и вашиот мозок.

Но, научниците имаат доби вести – можете да го спречите ова.

Стресот е пријател и непријател

Стресот всушност и не е толку лош. На пример, кога ви треба поголем фокус и повеќе енергија, кога учествувате на натпревар или кога држите јавен говор, токму стресот може да ве подготви.

Но, кога постојано сте изложени на стрес, без разлика дали од работното место или конфликт со некоја сакана личност, во мозокот можат да настанат лоши промени.

Постојаната изложеност на стрес може да резултира со главоболки, проблеми со стомакот, висок крвен притисок, болка во градите и несоница.

stresot-mozhe-da-go-namali-mozokot-kako-da-ja-sprechite-ovaa-pojava-02.jpg

Премногу стрес го намалува мозокот

Истражување од 2018-та година покажало дека оние кои се постојано изложени на стрес имале послаби резултати на тестовите за меморија. Истовремено, нивниот мозок бил помал за разлика од луѓето кои не се под стрес.

Ова намалување на мозокот има влијание врз деловите одговорни за меморијата и учењето. Па, колку е поинтензивен стресот, толку е поголема веројатноста да имате проблеми со сеќавањето и учењето нови нешта.

Овие ефекти можат да го зголемат и ризикот од деменција. Покрај тоа, можат да се појават и сериозни ментални нарушувања, како депресија.

stresot-mozhe-da-go-namali-mozokot-kako-da-ja-sprechite-ovaa-pojava-03.jpg

Можете да го контролирате стресот

За среќа, имате моќ да го држите стресот под контрола и да ги намалите штетните влијанија од него.

Движете се

Редовното вежбање може да ја подобри меморијата и да го заштити мозокот додека стареете.

Со вежбањето го поттикнувате лачењето на ендорфини – хормони кои прават да се чувствувате добро.

stresot-mozhe-da-go-namali-mozokot-kako-da-ja-sprechite-ovaa-pojava-04.jpg

Спијте

Телото закрепнува додека спиете, па спиењето е одличен начин да ги намалите штетните ефекти од стресот.

Доколку, пак, не спиете доволно, можете дополнително да го зголемите нивото на стрес.

stresot-mozhe-da-go-namali-mozokot-kako-da-ja-sprechite-ovaa-pojava-05.jpg

Внимавајте што јадете

Правилната исхрана има влијание врз расположението, а може дури и да го намали стресот.

Јадете неколку помали порции во денот, консумирајте овошје и зеленчук и ограничете го внесот на кофеин.

stresot-mozhe-da-go-namali-mozokot-kako-da-ja-sprechite-ovaa-pojava-06.jpg

Опкружете се со сакани личности

Поддршката е клучна во борбата против стресот. Социјализирањето со пријателите и семејството го поттикнува лачењето на хормонот окситоцин, кој може значително да ја намали анксиозноста.

stresot-mozhe-da-go-namali-mozokot-kako-da-ja-sprechite-ovaa-pojava-07.jpg

Направете пауза

Вежбајте јога, медитирајте, одете на масажа, релаксирајте се и одвојте време само за себе.

Кратката пауза од секојдневните грижи и обврски дефинитивно ќе ве смири и ќе го намали стресот.

stresot-mozhe-da-go-namali-mozokot-kako-da-ja-sprechite-ovaa-pojava-08.jpg

Некои велат дека стресот не е виновен

Некои научници сметаат дека иако има поврзаност помеѓу стресот и намалувањето на мозокот, самиот стрес не е виновен за оваа појава.

Проблемот е што во истражувањето, се мерело нивото на кортизол во мозокот. Ова е хормон што се лачи кога сте под стрес. Но, кортизолот може да се лачи и поради воспаленија во организмот.

Па, нивото на кортизол што се мерело во истражувањето можеби не било предизвикано од стрес.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg