Недостатокот на 4 супстанци во телото може да биде причина за чести главоболки
Главоболките се проблем со којшто се соочуваат многу луѓе, а причината за нив може да биде различна. Стресот е една од најглавните причини, а понекогаш главоболката може да зависи и од полот – жените почесто страдаат од мигрена од мажите.
Но покрај овие нешта, вашата главоболка може да биде предизвикана и од вашиот начин на исхрана. Недостатоците од одредени витамини и микроелементи се честа причина за главоболка.
Доколку постојано страдате од главоболки, можеби ви се потребни следниве хранливи материи
Фолна киселина, витамин Б12
Кога на организмот му недостасуваат овие супстанци, можете да бидете расеани и раздразливи. Уште полошо е доколку земете лек за главоболка со аспирин, бидејќи аспиринот дополнително го намалува нивото на фолна киселина и витамин Б12 во телото.
Овие хранливи материи можете да ги консумирате преку спанаќ, брокула, авокадо, моркови, јаткасти плодови и јајца. Обидете се да ги внесете овие намирници во секојдневната исхрана и ќе се чувствувате многу подобро.
Бакар и железо
Најчесто жените страдаат од недостаток на бакар и железо, што пак може да предизвика анемија, мигрена, хипотензија, депресија и замор. Бакарот и железото најмногу ги има во оревите, гравот, козјото сирење, авокадото, семињата и алгите.
Витамин Б6
Недостатокот од витамин Б6 може да предизвика васкуларни заболувања. За да го избегнете ова, консумирајте повеќе грав, свеж зеленчук, млечни производи и житарици. Витаминот Б6 е важен за срцето и мозокот, но и за нервниот и кардиоваскуларниот систем.
Витамин Д
Телото самото го создава витаминот Д кога е изложено на сонце. Но, во постудените месеци сончевите денови се ограничени, па можно е да настане дефицит. Во овие периоди можете да го внесете витаминот Д преку јајца, морски плодови и млечни производи.
Спирова С. | Црнобело