Митови за пушењето

mitovi-za-pushenje-povekjeПушачите секогаш се повикуваат на разни митови кои ги држат зависни од пушењето. Факт е дека нема ниту еден доволно добар изговор за да продолжите да пушите.

 

Како и да го гледате тоа, тутунот предизвикува многу видови на рак, срцеви заболувања, катаракта и пневмонија, а и ви крати и неколку години од животот.

Во САД секоја година умираат приближно 450.000 луѓе од болести кои се поврзани со пушењето. За среќа, истражувањата покажале дека пушачите можат успешно да се откажат со соодветна терапија.

Во продолжение ви ги разоткриваме најчестите митови поради кои пушачите не престануваат со пушењето:

Ако престанам да пушам ќе се здебелам
Поради стравот од здебелување многу луѓе не престануваат со пушењето. Фактот е дека пушачите се поправаат 2-5 килограми кога престануваат со пушењето. Кога човекот престанува да пуши кај него се случуваат физички и психички промени. Најчеста грешка е заменување на желбата за цигара со желба за јадење. Како и да е, здебелувањето не е неизбежно; престанокот на пушењето всушност може да ви отвори многу други можности. Ако можете да вежбате и тоа да го направите ваша следна опсесија, ќе го подобрите метаболизмот и функцијата на вашите бели дробови.

Ќе пушам само неколку цигари дневно
Луѓето си мислат дека ако до вчера пушеле по 20 цигари на ден, а сега 3 дека престанале да пушат. Епа не, не сте се откажале додека целосно не сте се тргнете од цигарите. Според едно норвешко истражување кое следело 43.000 мажи и жени цели 30 години, жените кои пушеле помеѓу една и 4 цигари на ден имаат 5 пати поголеми шанси да умрат од рак на бели дробови за разлика од непушачките, а кај мажите,оние кои пушат се 3 пати повеќе изложени на ризикот од рак на бели дробови.

Оставете ме, сам(а) себе се трујам
Чадот од вашата цигара им штети на сите околу вас бидејќи тие исто така ги вдишуваат 4.000 хемикалии што вашите цигари ги имаат. Студиите покажуваат дека брачниот партнер што не пуши има 20-30% поголема шанса да заболи од рак на бели дробови и 25-30% поголема шанса за срцеви заболувања.

Можам кога сакам да се откажам
Никотинот создава поголема зависност од хероинот, кокаинот и алкохолот. Повеќе од 70% од пушачите сакаат да се откажат, но само 4-7% успеваат тоа да го направат без ничија помош. Тоа е поради тоа што никотинот, стига до мозокот, го зголемува нивото на допамин и му дава на пушачот чувство на задоволство. Ова чувство набрзо исчезнува поради што пушачот добива желба за уште и уште. Се смета дека и останатите хемикалии во цигарите ја зацврстуваат зависноста. Пушачите често се емотивно зависни и имаат потреба од професионална помош во форма на терапија за да научат да го контролираат стресот без тутун.

Толку долго пушам, веќе не вреди да се откажам
Според официјални студии доколку се откажете од пушењето пред да наполните 35 години, можете да живеете еднакво долго колку и непушачите. Секако тоа не значи дека не вреди да се откажете и ако сте повозрасни, затоа што во секој случај го подобрувате квалитетот на живеењето и вашето здравје.

mitovi-za-pushenje
Непушач vs. Пушач

Би можело да ве интересира:

Што е хемангиом кај бебе – зошто се појавува и дали е опасен? Хемангиомот е мек, издигнат израсток на површината на кожата на бебето. Хеман...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Симптоми на цисти во јајници кои се знак дека треба да одите на гинеколог Болка во стомакот кога немате менструација, но и болен сексуален однос – Кои се ...
Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)? Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сопругот ме омаловажува и навредува – Може ли да се промени?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg