Алкохолот во вашиот живот...
Нормалното работење на јетрата е есенцијално за нормалниот живот. Бидејќи денешната младина е далеку од “нормална“- (без увреѓавање!), последиците...
...не делуваат и така страшно.
После само 1 чаша, крвта ќе ви го донесе алкохолот во глава, што е веднаш видливо на вашите “црвени обравчиња“. И алкохолното “доживување“ започнува – почнувате да се чувствувате “јако“, лесно му правите муабет на секој, се правите “мангуп“ и за ништо “не ви чуе“, а во лоша варијанта истата количина на алкохол ве легнува на шанк или под шанк!
Оштетувањето на јетрата предизвикано од алкохол го нарушува метаболизмот на сите органи!
Да почнеме со видот - пиеш да заборавиш, а впрочем дупло гледаш! Потоа моторичкиот систем (во пијанство стоиш на една нога, а обично не...!), способноста за говор ти е на максимално ниво - а при тоа околината освен “мумлање“ не слуша ништо друго, а ти впрочем на долго и широко раскажуваш романи!
Нервниот систем - убитачно по основ на “здраво размислување и расудување“! Тешки и трајни последци по основ - гениталии и систем за размножување... “шараш лево-десно, напред-назад ...“! Едно 4-5 лиснати редовно ги “давиш“ у желудник полн со алкохол (сироти)...
На приказнава и нема крај ако ги фатиме и категоријата буџет, семејни проблеми, раскинати врски, искинати хулахопки...
Имајте убави празници! Се најдобро!
Јас сум Маријана, јас сум алкохоличар.