Витамини за лечење акни
И покрај тоа што поголем број луѓе имаат проблеми со акните, малкумина се трудат да го спречат нивното повторно јавување. Повеќето оставаат телото да...
...си го реши тој проблем. Мислење на повеќето е дека храната е главниот виновник за појавата на акните и бубуљиците. Сепак, постојат малку докази за ова.
Ќе ги наведеме најчестите заблуди:
- Чоколадото е еден од честите виновници за појава на акни.
- Сирењето доведува до појава на акни.
- Шминката нема да влијае на појавување на бубуљици и на нивниот интензитет.
- Доколку секој ден добро го истриете лицето, акните сами по себе ќе ги снема.
- Стискањето на акните во голема мера помага при процесот на чистење.
Главни виновници за појавата на акните се андрогените хормони, кои предизвикуваат натрупување на вишок масти во жлездите. Оној момент кога ова масло ќе ги затне жлездите во мртвите клетки, доаѓа до создавање на црни и бели митесери.
Со присуство на бактерии, дополнително може да дојде до појава на црвени бубуљици кои обично се карактеризираат како акни. Кон појавата на акни делува и несоодветната шминка, стресот и стискањето на бубуљиците.
Здравата исхрана со многу овошје и зеленчук донесува многу витамини и минерали, што допринесува кон подобрување на општото здравје па и на здравјето на нашата кожа.
Витамини кои го подобруваат здравјето на нашата кожа се: Витамин А, Б2, Б3 и Витамин Е.
- Витаминот А најмногу го има во рибиното масло, џигерот и млечните производи.
- Витаминот Б2 кој е одговорен за отстранување на стресот, го има во млекото, рибата, јајцата и лиснатиот зеленчук.
- Б3 го има во кикириките, јајцата, авокадото, џигерот и посното месо.
- Витамин Е во поголеми количини го има во бадемите, кикириките, сончогледовите семки, брокулата и маслото од растително потекло и е најважна хранлива состојка во борбата против акни.
Затоа...хранете се здраво!