Како до поттик за вежбање?
Зимата доаѓа, а со неа најчесто знаеме и да си ги наталожиме килограмите. Времево е такво, што многу е тешко да се натерате на вежбање. Со неколку...
...едноставни трикови полесно ќе се охрабрите да повежбате, а и времето ќе ви помине побрзо и полесно.
1. Добра музика. Со вежбањето одберете музика која има добар ритам да ве размрда и поттикне на движење. Музиката ви помага да ви минува времето побрзо, особено додека трчате.
2. Во двојка е подобро. Не вежбајте сами. Поддршката барем на уште еден покрај вас секогаш е добредојдена.
3. Свеж воздух. Прочистете ги белите дробови и главата. Вежбањето надвор ќе ве наполни со кислород и ќе ви даде сила.
4. Кафе. Во умерена количина пред вежбање делува инстантно во подигнување на енергијата, бидејќи го буди вашиот нервен систем.
5. Пеперминт. Се верува дека инхалирањето пеперминт пред вежбањето ја зголемува силата.