Го подобрува варењето, спречува констипација - зошто треба да консумирате ленено семе?
Лененото семе докажано ја подобрува дигестијата, а во комбинација со вода може да ви помогне да се ослбодите од многу проблеми со дигестивниот систем.
Скоро и да не постои некој кој барем еднаш во животот не се соочил со некој проблем поврзан со дигестивниот систем.
Ако подолг период се соочувате со тегоби, грчеви, надуеност и гасови, тогаш овој „лек“ со ленено семе ќе им стави крај.
За него се потребни само две состојки кои сигурно се наоѓаат во вашиот дом:
- 1 кафена лажичка мелено ленено семе
- 1 чаша минерална вода
Навечер, пред да легнете да спиете, ставете една рамна кафена лажица ленено семе во чаша и прелијте го со минерална вода. Полека промешајте го и оставете го на собна температура до утрото. Потребно е да отстои барем осум часа.
Следното утро голем дел од водата ќе биде впиена во семето, а доколку остане малку, може да има текстура на желе.
Пред појадок, на празен желудник, само изедете го семето од чашата.
Дозата е за еднократна употреба и се подготвува одново секој ден.
Смесата од ленено семе и вода можете да ја помешате со кисело млеко или кефир, но и да ја додадете во смути, овесна каша или порција житарици.
Генерално, нема несакани ефекти од лененото семе, но не треба да претерувате со количината и кога го консумирате, важно е да пиете многу вода во текот на денот.
Не треба да консумирате повеќе од четири кафени лажички мелено ленено семе на ден за да не предизвикате дијареја.
Исто така, доколку сте бремени или доите, консултирајте се со лекар пред да почнете да консумирате ленено семе. Истото важи и ако пиете некакви лекови.
М. П. | Црнобело