5 намирници кои се одличен извор на здрави масти
Покрај бадемите, кои други намирници се одличен извор на здрави масти и треба да ги консумирате почесто?
Консумацијата на здрави масти ги чува органите, ја поттикнува апсорпцијата на хранливи материи и помага при процесот на согорување калории.
Ова се само дел од намирниците кои содржат здрави масти и се корисни за човечкиот организам:
Авокадо
Авокадото содржи голема количина здрави масти. Ова егзотично овошје е добро за подмладување на кожата, ја подобрува работата на срцето, ја хидрира кожата и ги ублажува симптомите на псоријаза, го регулира крвниот притисок и го подобрува видот.
Добро е при намалување на ризикот од камења во бубрезите, а особено им помага на бремените жени при утринските мачнини и подобар развој на фетусот.
Лосос
Оваа риба е преполна со омега-3 масни киселини кои ја одржуваат количината на добриот холестерол и го чуваат здравјето на срцето.
Лососот помага при подобрување на работата на мозокот и го подобрува памтењето, а со помош на витамините А и Д, аминокиселините и селенот го штити нервниот систем.
Лососот има улога на антидепресив, па консумацијата на оваа риба помага при спречување на Алцхајмерова и Паркинсонова болест.
Маслиново масло
Маслиновото масло е богато со незаситени масни киселини кои се здрави маснотии и кои го спречуваат и забавуваат развојот на разни болести како дијабетес тип 2, остеопороза, депресија и срцев удар.
Богато е и со витамините А, Д, Е и К. Поради своите благодати, неретко го нарекуваат и „течно злато“, а го зазема првото место од топ 10-те намирници кои се корисни за човековиот организам.
Кокосово масло
Кокосовото масло не само што ги зајакнува организмот и имунитетот, туку придонесува и при топење на масните наслаги.
Најдобрата работа околу слабеењето со кокосово масло е тоа што не само што ви помага при губењето на килограми, туку ги смалува опасните и упорните масти во пределот на стомакот.
Секако, покрај слабеењето, кокосовото масло е добро и за подобрување на нивото на холестеролот и го намалува ризикот од срцеви заболувања, му помага на вашето тело во борбата против инфекциите, ги намалува воспаленијата и го подобрува здравјето на штитните жлезди, а исто така ги хидрира косата и кожата.
Бадеми
Една полна дланка бадеми е совршен избор за мал оброк. Овие плодови се полни со хранливи материи кои спречуваат таложење на маснотии во телото.
Тие исто така се одличен извор на протеини кои ја даваат потребната енергија.
Бадемите се препорачуваат во случај кога има пореметување во работата на дишните патишта, кашлица, срцеви тегоби, анемија, импотенција и шеќерни болести. Тие помагаат при негата на кожата, косата и забите.
М. П. | Црнобело