Имате бронхитис - како да си помогнете за полесно да закрепнете?
Бронхитисот, иако е многу чест, сè уште е клиничка слика која тешко се поднесува, оставајќи го болниот без сон, со многу главоболки и грчења во мускулите.
Како дијагноза, бронхитисот се лечи со антибиотик, строго препишан од лекар. Но, самиот антибиотик не е доволен за да се чувствувате подобро што побрзо.
Токму затоа, треба да примените некои од следниве совети, за полесно да го надминете проблемот (но задолжително и да се консултирате со лекар):
Употребувајте навлажнувач за воздухот
Во постудените месеци, кога дома се грее, воздухот може да биде премногу сув. Во случај на бронхитис, сувиот воздух предизвикува гребење и сушење на слузокожата.
Токму поради тоа е препорачливо да користите навлажнувач на воздухот, или да оставите сад со вода врз грејното тело. Влажниот воздух помага во одзатнувањето на носот и олеснување на кашлицата.
Сируп за искашлување
Кога имате бронхитис, најважно е да не се обидувате да ја запрете кашлицата. Кашлањето помага дишните патишта да се прочистат од секретот.
Побарајте во аптека сируп за искашлување на природна база, за да можете да си помогнете, но претходно консултирајте се со доктор, зависно другите лекови.
Пијте многу течности
Овој познат совет важи и во случаи на бронхитис. Доколку имате температура, потребна ви е поголема количина течност за да успеете да се изборите со неа. Исто така, дури и ако испиете вода, помагате секретот да се разводни. Но, не претерувајте, за да не си наштетите на бубрезите.
Испијте топол чај
Дури и кога сте биле мали, мајките ви давале топол чај кога сте болни. Топлината на чајот ќе го омекне грлото, ќе ви ги опушти гласните жици и можеби дури и ќе ви помогне да заспиете, доколку е направен од камилица или маточина. Доколку не сте алергични, може да додадете и малку мед.
Спијте
На телото кое се бори со бронхитис потребно му е да биде статично и одморено. Иако многу настинки е подобро да ги поминете „на нога“, за бронхитисот треба да се смирите, да не излегувате без потреба и да се обидете да спиете по половина до еден час, на секои четири часови, а во текот на ноќта барем шест часови.
Земајте цинк како додаток во исхрана
Покрај витамините од целиот спектар, земајте и цинк, во форма на суплемент, со препорака од лекар. Цинкот покажува голем процент на подобрување во случаите на белодробни заболувања.
Помогнете си со фитотерапија
Капки од ехинацеа, сируп од бршлен, пастили со нане, чаеви, бонбони сите овие може да ви помогнат да си ги олесните симптомите. Само следете ги упатствата дадени на пакувањето.
Изедете чинија пилешка супа
Пилешката супа докажано помага во закрепнувањето, бидејќи во нејзе има доволно електролити за да го вратат балансот во телото. Исто така, ако додадете неколку капки лимон и малку бибер, во комбинација со топлината, ќе успеете да ги ослободите носните патишта од секретот.
Инхалирајте се со пареа
Инхалацијата можете да ја правите со помош на специјален инхалатор или на старомодниот начин, од тенџере со врела вода. Во врелата вода можете да додадете растенија за чај или масло од евкалиптус.
Се разбира, задолжително консултирајте се со вашиот лекар. Тој најдобро знае што е најдобро за вас.
Е. Д. | Црнобело