Напијте се зелен или црн чај
Зошто е здраво да пиете зелен и црн (индиски) чај? Зелениот чај содржи околу 300 состојки, од кој најпознат ни е кофеинот. Една шолја чај содржи...
...50 -100mg кофеин и 300- 400mg полифенол кои се заслужни за антиоксидативните својства на чајот.
Зелениот чај делува на зголемување на ензимската активност и процесот на детоксикација во тенкото црево, црниот дроб, белите дробови но, го спречува и делувањето на канцерогените клетки.
Негативна последици од премногу консумирање зелен чај:
- преголемата количина на кофеин има силно дејство на нервниот систем што може да доведе до анксиозност и несоница доколку се консумира повеќе од две шолји чај.
Најновите истражувања укажуваат дека аминокиселината L–teanina која ја има во зелениот чај значително ја подобрува способноста за учење, ја зголемува концентрацијата и ги смирува нервите.
Нова студија во Јапонија ја открива врската меѓу честото консумирање на зелен чај и помалата појава на депресија.
Црниот (или индискиот чај) исто така содржи кофеин кој делува стимулирачки и закрепнувачки, па затоа ја намалува поспаноста и уморот.
Црниот чај е подобар да се пие на место кафе. Една шолја содржи ¼ кофеин од една лажица кафе. Тоа значи дека со 4 шолји црн чај ќе внесете кофеин колку што би внеле со една лажичка кафе, а во организмот ќе имате 3 литри течност.
По општо правило, се употребува 2.25gr чај (кафена лажичка) на секои 180ml вода. За разлика од зелените чаеви, кои стануваат горчливи ако се варат на повисока температура, црниот чај треба да отстои во тазе зовриена вода.
Ако чајот е во цели листови, или се служи со млеко или со лимон. Треба да отстои 4 до 5 минути. Со подолго стоење чајот станува горчлив. Кога чајот е доволно одлежан по вкус на оној кој го консумира, тогаш е подготвен за служење и треба да се процеди низ цедалка пред да се служи во шолјата.