Храна која помага за природно создавање колаген во телото
Колагенот како протеин го има во голем број наши сврзни ткива и е одговорен за младешкиот изглед на кожата.
Ако падне нивото на колагенот во нашето тело, може да дојде до прерано појавување на брчки на лицето и на други делови од телото.
Во последниве години науката потврди дека колку и да користиме козметика со колаген, многу поефикасно е ако неговото синтетизирање го стимулираме однатре.
Затоа, потребно е во вашата исхрана ќе треба да вклучите повеќе од следниве намирници:
Лосос
Оваа риба е преполна со минерали и омега 3 масни киселини кои помагаат во создавање на колагенот и ја одржуваат кожата мека и хидратирана.
Бујон од телешка коска
Во супата од говедска коска има доволно колаген кој ја одржува кожата мазна и здрава. Можете да направите и супа од пилешки или мисиркини коски, со кои ќе го подобрите квалитетот на зглобовите.
Јајца
Во жолчката на јајцето има минерали и одредена количина колаген, кои помагаат во отстранување на штетните супстанци кои ја намалуваат еластичноста на кожата.
Чиа семе
Чиа пудингот од отстојани семки помага во обновување на клетките, за да може вашата кожа да изгледа посвежо и помазно.
Семки од тиква
Семките од тиква се богати со цинк, кој е особено важен во природното задржување на здравите нивоа на колаген. Подобро е семките да бидат потпржени за од нив да се искористат сите хранливи материи.
Е. Д. | Црнобело