7 знаци дека треба да почнете да го ставате здравјето на прво место

Живееме во време кога често ставаме сè останато пред грижата за сопственото здравје.

7-znaci-deka-treba-da-pochnete-da-go-stavate-zdravjeto-na-prvo-mesto-01.jpg

Размислете колку пати сте пропуштиле или одложиле редовен преглед кај матичниот лекар? Дали редовно одите кај стоматолог? Ја следите ли својата здравствена состојба внимателно?

Болката и појавата на одредени симптоми не смеат да се игнорираат. Токму кога нешто ве боли телото ви сигнализира дека нешто не е во ред и дека треба да обрнете повеќе внимание на себе.

Прочитајте ги следниве знаци кои телото ви ги праќа и почнете да се грижите за себе, доколку препознаете некој од нив:

1. Предупредување за опасност

Имате чести вртоглавици, главоболки, нагло растење или паѓање на притисокот, трнење на екстремитетите? Посетете лекар за да спречите поголема штета, дури и ако тоа значи да земете неколку дена боледување.

7-znaci-deka-treba-da-pochnete-da-go-stavate-zdravjeto-na-prvo-mesto-02.jpg

2. Имате потреба за одмор

Се чувствувате хронично уморни и имате потреба да мирувате, дури и кога сметате дека сте добро наспани? Земете неколку слободни дена и одморете се убаво.

3. Постојано сте под стрес

Стресот го прави вашето тело поранливо и помалку отпорно на болести. Долгорочниот стрес сигурно ќе остави и траги врз вашето здравје. Внимавајте!

4. Ви страда менталното здравје

Забележувате дека нешто не е во ред со вашите мисли и расположенија? Не заборавајте дека иако функционираат одделно, менталното и физичкото здравје се всушност зависни едни од други. Не го изложувајте на опасност ниту едното од нив.

7-znaci-deka-treba-da-pochnete-da-go-stavate-zdravjeto-na-prvo-mesto-4.jpg

5. Имате потреба да штедите енергија

Ако останувате дома навечер само за да можете да имате сила за на работа, тогаш треба да размислите дали вашата енергија е сконцентрирана само на обврските. Алармантно станува кога веќе немате енергија за да си се посветите себе.

6. Вие едноставно „прегревате“

Слично како и апаратите за домаќинство и другите уреди, кога ќе „прегреете“, потребно ви е да запрете со работа одреден период, за да може потоа да продолжите. Доколку ова се случува секојдневно, време е да го намалите темпото на живеење.

7. Здравствената состојба ја попречува работата

Доколку поради здравствената состојба не можете да одговорите на задачите, веќе сте стигнале до точка кога ви е потребна, на некој начин, рехабилитација, за да си дојдете на себе и да можете да соберете сила за понатаму.

7-znaci-deka-treba-da-pochnete-da-go-stavate-zdravjeto-na-prvo-mesto-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg