Ја менувате ли четката за заби?

ja-menuvate-li-cetkata-za-zabi-povekjeВнимавате секојдневно правилно да ги миете забите. Користите конец за чистење на забите, редовно одите на забар, но дали ја менувате и четката...

 

...за заби редовно? Потребно е да ја менувате минимум 4 пати годишно, во спротивно го зголемувате ризикот од кариес и разни проблеми со непцата.

ja-menuvate-li-cetkata-za-zabi

Според едно истражување спроведено од Oral-B, четката во просек германците ја менуваат 2 пати во годината.

Стоматолозите потенцираат дека не сме свесни дека и четката за заби има свој рок на траење.

Не само што се оштетува туку и често пати се претвора во причина за појава на кариес. Стоматолозите советуваат четката за заби да се менува на секои 3 месеци.

По секое миење ставете ја на место каде не е во допир со четките на другите од вашата фамилија. Не ја чувајте во затворена кутија бидејќи го зголемувате ризикот од развој на бактерии.

Кога купувате четка внимавајте нејзината големина да е соодветна на вашата уста и заби. Барајте четка која има влакна со заоблени врвови.

Меките се наменети за деца и постари личности, како и за оние кои носат протези. Тврдата е наменета за цврсти и здрави заби. Меката четка е најпродавана и најсоодветна за користење.

Би можело да ве интересира:

Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
4 работи за перименопауза што секоја жена над 35 години треба да ги знае Симптомите на перименопауза обично се јавуваат по 40-тата година, но кај некои ж...
12 причини зошто менструацијата ви трае подолго од вообичаено Високото ниво на стрес, значителните промени во тежината и премногу вежбање може...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg