10 работи кои бремената жена не смее да ги крие од гинекологот

6. Имате зголемена или намалена сексуална желба.

Постои општа заблуда дека либидото на жените им се зголемува во бременоста, а во суштина, сексуалната желба може да остане иста, или, пак, да се намали. И двете ситуации се вообичаени – таа да биде изразито силна или комплетно да изостане.

Сексуалната желба се разликува од жена до жена, независно од тоа дали е бремена или не. И сосема е во ред да разговарате на оваа тема со гинекологот, бидејќи нему одговорност му е да слуша, процени и предложи потенцијални решенија. Кога проблемите со либидото се хронични, односно траат повеќе од шест месеци и предизвикуваат анксиозност, можно е да станува збор за сексуална дисфункција.

Губитокот на желба неретко се јавува кај жените во одредени фази од животот, како бременоста или стресните периоди. Па, ако сте загрижени дека можеби и самите имате сексуална дисфункција, споделете ги грижите со гинекологот, бидејќи може да ви понуди адекватни решенија, како терапија и лекување на проблемот - после породувањето.

10-raboti-koi-bremenata-zhena-ne-smee-da-gi-krie-od-ginekologot-8.jpg

7. Не се храните здраво и не вежбате.

Неквалитетната исхрана и прекумерната телесна тежина не се шега, особено во бременоста, бидејќи го зголемуваат ризикот од гестациски дијабетес, вродени дефекти, висок крвен притисок, инфекции, покрупно бебе и породување со царски рез, па дури и спонтан абортус.

Освен тоа, физичката активност не само што ви помага да ја одржите соодветната тежина, туку ви дава и енергија и издржливост. Ова ви е и повеќе од потребно во деветте месеци од бременоста, кога во вашето тело се случуваат големи промени.

Вежбите со послаб интензитет се безбедни за трудниците, а сѐ дури не изгубите тежина и бебето правилно расте, нема за што да се грижите.

10-raboti-koi-bremenata-zhena-ne-smee-da-gi-krie-od-ginekologot-9.jpg

8. Поради бременоста сте под голем стрес.

Стресот не влијае само физички на човечкото тело, туку и на емоциите и однесувањата. А, ако носите и мал „патник“ во стомакот, негативните последици може да се одразат на двајцата. Кога трудницата е под стрес, ова и тоа како се пренесува на плодот во утробата, децидни се гинеколозите.

Без разлика дали сте во првото или третото тримесечје од бременоста, разговарајте со својот доктор за нивото на стрес во вашиот живот. Може да ви предложи активности кои се делотворни за негово намалување, како топла купка, вежби за дишење, прошетки или јога.

10-raboti-koi-bremenata-zhena-ne-smee-da-gi-krie-od-ginekologot-10.jpg

9. Имавте односи со повеќе партнери.

На гинеколозите им е јасно дека не се сите трудници во моногамна врска, па спремни се да им помогнат во каква ситуација и да се наоѓаат. Меѓутоа, нужно е тие да бидат отворени и искрени. Повеќето тестови за ХИВ и хепатитис, како и останатите полово преносливи болести, се извршуваат на самиот почеток од бременоста.

Доколку жената подоцна има сексуален однос со друг партнер, задолжителни се дополнителни тестирања. Мноштво полово преносливи болести немаат физички симптоми, а сепак може да бидат штетни за бебето. Потребно е гинекологот да го известите кога точно се случила сексуалната интеракција, за да може да се спроведат соодветните испитувања.

Ако не сте сигурни кој е таткото на вашето дете – не срамете се. Гинекологот нема да ве осудува, туку ќе ве посоветува и помогне околу следните чекори.

10-raboti-koi-bremenata-zhena-ne-smee-da-gi-krie-od-ginekologot-11.jpeg

10. Вашиот патнер ве малтретира.

Да – ова исто така му е работа и грижа на гинекологот, особено поради загрижувачкиот податок дека една од шест трудници е жртва на насилство. Физичкото и психичкото малтретирање никогаш нема оправдание, а кога се случува во текот на бременоста, од посебна важност е тоа да го признаете.

Малтретирањето, кое подразбира физичко, емоционално и сексуално насилство и закани, може да се влоши поради новите стресови и анксиозноста што доаѓаат во пакет со родителството. Вашиот доктор ќе ви понуди адекватна медицинска помош, како за физичкото, така и за менталното здравје.

10-raboti-koi-bremenata-zhena-ne-smee-da-gi-krie-od-ginekologot-12.jpg

M. A. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg