Што може да откриете од неправилното држење на телото?

Човечкото тело е навистина комплексна структура која сè уште крие голем број на мистерии. Но сите ние како индивидуи имаме посебен начин на движење и се разбира посебен начин на држење на телото.

sto-moze-da-otkriete-od-nepravilnoto-drzenje-na-teloto-001.jpg

Психологијата како наука го истражува секој аспект и секој потег на телото и може многу да не научи за карактерот на човекот само со набљудување на неговите движења.

Секој човек има различно држење на телото кое зависи од повеќе фактори. Структурата на коските, односно скелетот, игра многу важна улога во нашето држење. Но, и преку текот на целиот ден нашето држење на телото и ставот може да се променат повеќепати, бидејќи е под влијание на надворешни и внатрешни фактори.

Кога сме расположени и ведри нашето тело е исправено, рамениците се позиционирани наназад и сме делумно повисоки. Кога сме нерасположени или тажни често тоа се рефлектира и на нашето движење и став и нашето тело во овие случаи е наведнато, свиткано и ја наведнуваме главата гледајќи во подот.

Но, како што веќе споменавме, нашиот став може да биде и одличен показател кој оддава значајни податоци за нашето расположение кај другите луѓе околу нас. Често и самите ние забележуваме дека луѓето кои стојат исправено и гордо се често можеби и поуспешни од своите колеги кои не обрнувaат внимание на држењето на телото.

Според начинот на држење психолозите разликуваат неколку типови на карактери:

Шизоиден тип

Овој тип на луѓе се често ниски и тенки. Нивното држење е свиткано и нивната глава секогаш е вперена кон подот. Тие се многу срамежливи и не сакаат да учествуваат во социјални интеракции со други луѓе. Пример за ова држење е Чарли Чаплин.

sto-moze-da-otkriete-od-nepravilnoto-drzenje-na-teloto-1.jpg

Орален тип

Овој вид на луѓе се најчесто оние кои имаат силна мускулатура и изразено исправен став со главата малку наведната наназад. Тие се често и добри лидери или шефови и сакаат да бидат опкружени со пријатели и семејство. Но, многу често им се потребни пофалби и внимание бидејќи знаат да бидат навистина емоционални и ранливи. Пример за овој тип на луѓе е Пол Мекартни.

sto-moze-da-otkriete-od-nepravilnoto-drzenje-na-teloto-2.jpg

Мазохистички тип

Луѓето кои имаат значително згрбавено држење и секогаш благо наведната глава спаѓаат во оваа група на личности. Тие имаат ниска самодоверба, потреба од пофалби и прифаќање од страна на луѓето околу нив и се карактеризираат и како вечни жртви. Пример за ова држење и карактер е Мерлин Монро.

sto-moze-da-otkriete-od-nepravilnoto-drzenje-na-teloto-3.jpg

Психопатски тип

Овој тип на личности секогаш имаат исправено и самоуверено држење со исправени раменици и глава крената високо. Тие секогаш сакаат да се искачат на врвот, најчесто и успеваат во тоа и се тип на личности кои не се откажуваат од своите намери. Пример за ваков тип на личност е железната дама Маргарет Тачер.

sto-moze-da-otkriete-od-nepravilnoto-drzenje-na-teloto-4.jpg

Хистеричен тип

Овој тип на личност често немаат статично држење на телото и менуваат позиции. Тие се експресивни во своите движења, но во основа бараат внимание од нивната публика и многу лесно потпаѓаат под туѓи влијанија. Пример за ваква личност е режисерот Федерико Фелини.

sto-moze-da-otkriete-od-nepravilnoto-drzenje-na-teloto-5.jpg

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg