Митови за изгорениците од сонце во кои треба да престанете да верувате

Иако сите сме свесни колку е важно да се заштитиме себеси од сонцето во овие топли денови кои доаѓаат, сепак постојат многу митови.

mitovi-za-izgorenicite-od-sonce-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-01.fw.jpg

Луѓето веруваат во многу невистини кога станува збор за сончањето и изгорениците.

Заштитата од сонцето е многу важна, независно кое годишно време е, па затоа треба да сте добро информирани на оваа тема.

Во продолжение, неколку најголеми митови за изгорениците од сонце во кои треба да престанете да верувате:

Мит бр. 1: Може да изгорите само во лето

Иако сонцето е најсилно во летните топли денови, сепак тоа е моќен извор на ултравиолетови зраци дури и во зима, а тие се многу штетни за кожата.

mitovi-za-izgorenicite-od-sonce-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-04.jpg

Мит бр.2: Сонцето е најсилно кога надвор е најтопло

Сончевите зраци се наопасни во периодот од 10 наутро до 4 по пладне, но тоа не значи дека ако надвор е малку посвежо и не пече толку, дека не е силно.

Потребна ви е адекватна заштита од сонце независно колку е топло надвор, бидејќи и утринските часови може да предизвикаат изгореница.

Мит бр.3: Изгорениците се лоши само ако се црвени или се лупат

Иако многу луѓе сакаат да поминат неколку часа во сончање за да добијат тен, всушност реалноста е дека секоја промена на бојата на кожата е оштетување од сонцето, дури и ако немате црвенило.

Црвената или розова кожа е знак дека сте изгорени, но можно е да постои изгореница од сонце долго пред да поцрвени местото.

Всушност, првиот знак е веројатно чешањето на кожата и топлото чувство.

mitovi-za-izgorenicite-od-sonce-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-002.jpeg

Мит бр.4: Повремени изгореници не се лоши за вас

Иако не значи дека секоја изгореница може да значи сериозен проблем или она од што сите се плашат – рак на кожа, сепак треба да знаете дека со секоја изгореница се зголемува ризикот и дека треба постојано да ја штитите кожата секојдневно, независно дали одите на плажа или прошетка.

Мит бр.5: Ако имате фатено боја не може да изгорите

Многумина веруваат дека е подобро да имаат тен како основа, па прво се сончаат за да фатат боја или пред одмор одат во солариум за потоа да не поцрвенат.

Сепак, тоа ви нуди многу мала заштита од горење и не значи дека воопшто не треба да се мачкате со крема заштита од сонце.

mitovi-za-izgorenicite-od-sonce-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-03.jpg

Мит бр.6: Секоја крема за сончање е подобра од воопшто да не ставите крема

Важно е да се мачкате со заштитна крема, но тоа не значи дека треба да го користите кремот од пред 2 години, ако рокот му е истечен.

Дури и ако датумот не е поминат, а е многу топло и влажно каде што го чувате пакувањето, треба да го замените.

Мит бр.7: Не може да изгорите под сенка или кога е ветровито и свежо

Ако мислите дека може да не ставите крема за сончање додека не сте директно изложени на сонце, се лажете, бидејќи и така може да изгорите, со оглед на тоа што сончевите зраци не се поврзани со температурата и времето.

mitovi-za-izgorenicite-od-sonce-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-02.png

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Како да препознаете сончаница кај децата и кога треба веднаш да се обратите на лекар? Што да правите ако вашето дете добие сончаница додека сте на плажа? Кои се симпт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg